15-та Меѓународна академска конференција за европски интеграции „КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ: ПРЕДИЗВИЦИ И ГРАДЕЊЕ ИЗДРЖЛИВОСТ”

Универзитет Американ Колеџ Скопје ја претставува

15-та Меѓународна академска конференција за европски интеграции

„КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ: ПРЕДИЗВИЦИ И ГРАДЕЊЕ ИЗДРЖЛИВОСТ”

21 мај 2020 г., Скопје

Почитувани,

Ни претставува особено задоволство да Ве поканиме на 15-та меѓународна академска конференција на тема „КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ: ПРЕДИЗВИЦИ И ГРАДЕЊЕ ИЗДРЖЛИВОСТ”, која ќе се одржи на 21 мај 2020 г., на онлајн платформата Webex со почеток од 10.00 часот.

Конференцијата ќе ја отвори Неговата Екселенција проф. д-р Стево Пендаровски, Претседател на Република Северна Македонија, а свое обраќање ќе има и Неговата Екселенција г. Самуел Жбогар, Амбасадор на Делегацијата на Европска Унија во Република Северна Македонија.

Како специјални говорници на конференцијата, свое учество потврдија:

–          заменик министерот за животна средина и просторно планирање, г. Јани Макрадули,

–          претставничката на Фридрих Еберт Штифтунг за Република Северна Македонија, г. Ева Елерајт,

–          директорот на Хабитат Македонија, проф. д-р Зоран Костов, како и

–          добитничката на наградата за животна средина „Голдман“ за 2019 г., г. Ана Чоловиќ Лешоска.

Конференцијата ќе може да се следи преку следниот ЛИНК 

Програмата на Конференцијата на следниот ЛИНК

Ви Благодариме за учеството.

Со почит,

Универзитет Американ Колеџ Скопје

Similar Posts