|

3 месечна пракса за Бизнис аналитичари – ИТ Лабс

Драги студенти,
Компанијата ИТ Лабс има отворен повик за 3 месечна пракса за Бизнис аналитичари/ Business Analysts со можност за вработување. Праксата, ќе се одвива  целосно онлајн, а повикот e отворен до крајот на месец мај.
Во текот на тримесечниот тренинг, практиканите ќе работат во тим заедно  и ги поминат сите фази на развој на софтверско решение.
Повикот е отворен за сите оние кои сакаат својата кариера да ја развиваат како Бизнис аналитичари.
Оние кои успешно ќе ја завршат праксата имаат можност за вработување, а клучни предиспозиции за оваа позиција се:
  • одлично познавање на англиски јазик
  • одлични интерперсонални вештини
  • проактивност
  • аналитичност
  • Базично познавање на циклусот на развој на софтверско решение
Деталите за повикот се наоѓаат на следниот линк и на истиот е апликациската форма.
Со среќа,
Career Office, UACS

Similar Posts