ФАКУЛТЕТ ЗА ПРАВНИ НАУКИ

Постдипломски студии – насока-  Деловно право

Факултетот за правни науки на УАКС нуди две насоки:

  • Правосудна насока
  • Деловно право

 

Единствено во Македонија – насоката „Деловно право” е акредитирана и од Советот за акредитација на бизнис факултети и програми од САД (Accreditation Council for Business Schools and Programs – ACBSP)

  • Вон.проф. д-р Зоран Михајлоски е редовен предавач во Академијата за судии и јавни обвинители на Р.Македонија.
  • Вон. проф. д-р Марко Андонов е координатор на модулот по Трговско право при Академијата за судии и јавни обвинители на Р. Македонија.
  • Вон.проф. д-р Кимо Чавдар е редовен говорник на Годишните собранија на Здружението на правници на Р. Македонија.
  • Проф.д-р Зоран Шапуриќ е редовен професор по предметите Вовед во право на ЕУ и Структури и институции на ЕУ. Претходно работно искуство: Министер за животна средина и просторно планирање во Владата на Р. Македонија.
  • Вон. проф.д-р Душко Стојановски е експерт во следните области: кривично право, меѓународно кривично право, криминологија, криминалистика, воени злосторства и заштита на човекови права, тероризам и човекови права, конфликт менаџмент. Претходно работно искуство: Mинистерство за внатрешни работи на Република Македонија.
  • Проф. Елена Бундалеска е експерт во следните области: облигационо право, деловно/трговско право, бизнис етика и корпоративно управување. Претходно работно искуство: помошник раководител на сектор за правни работи во Стопанска банка АД Скопје.
  • Проф. Јадранка Мршиќ е експерт во следнитe области: финансиски пазари и институции, анализа на финансиски извештаи и сметководство. Претходно работно искуство: Генерален директор на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, Македонска берза, Комерцијална банка АД Скопје.

Теоретска основа + Практична надградба Правото е наука која што бара исклучително добра

теоретска основа, но практичната примена која што ги надополнува предавањата е од уште поголемо значење за студентите. Студентите се стекнуваат со знаење преку:

  • Студии на случај
  • Толкување улоги
  • Симулација на судење
  • Знаењето на студентите го надополнуваат истражувањата, проектите, есеите и презентациите, кои што тие ги изработуваат во соработка со наставниците. На тој начин, студентите се подготвуваат за писмена и усна елаборација на различни тематски проблеми.

Наставата на ФПРН се одвива во мали групи, со цел да му се овозможи на секој студент да се вклучи во дискусијата, која што претставува дел од наставниот процес.
Соодносот студент/наставник на ФПРН изнесува 12:1, сооднос кој што овозможува индивидуална работа со студентите. Во практичниот дел од наставата секогаш се вклучени истакнати адвокати, судии, правници и нотари, кои нивното знаење и искуство директно им го пренесуваат на студентите и ги подготвуваат за предизвиците во градењето на нивната кариера. Со оваа

единствена можност, студентите воспоставуваат интеракција со врвни наставници, гости-предавачи и експерти, што претставува најдобар начин за учење и размена на професионални искуства.

Студентите воспоставуваат директна комуникација со нашиот Деловен  совет, кој што е единствениот од ваков вид во Македонија и во кој членуваат:

  • Нотарската комора на Р. Македонија
  • Адвокатската комора на Р. Македонија
  • Здружението на правници на Р. Македонија
  • Академијата за судии и јавни обвинители на Р. Македонија.

 

Освен овие престижни организации, членови во Деловниот совет на УАКС се и бројни адвокатски и нотарски канцеларии. Тие им овозможуваат на студентите извршување на практична работа, но честопати нудат и  можности за вработување.

Деловниот совет на ФПРН при УАКС овозможува:

Усогласување на наставните програми со потребите на реалниот сектор; Гости предавачи;

Практична работа за нашите студенти; Советување за кариерни можности и вработување

на студентите по нивното дипломирање. По завршување на додипломските студии на Факултетот за правни науки, студентите имаат можност за градење на професионална кариера во: Институции во доменот на правосудниот систем на Р. Македонија (судови, јавни обвинителства, адвокатски канцеларии, нотарски канцеларии и канцеларии на извршители)

 

НАСТАВНА ПРОГРАМА НА ДОДИПЛОМСКИ СТУДИИ

I Година

Едногодишни студии 60 ЕКТС =180+60=240 ЕКТС

Насока: Правосудна насока

Задолжителни предмети

  1. Граѓанско процесно право – практични примери
  2. Облигационо право – практични примери
  3. Корпоративно управување
  4. Вовед во менаџмент на човечки ресурси
  5. Деловен модул 4
  6. Практична настава и проект
  7. Изборен предмет
  8. Изборен предмет
  9. Слободен изборен предмет на ниво на универзитет

 

Двегодишни студии 90 ЕКТС = 24+90=330 ЕКТС

I година

Корпоративно управување

  1. Право на хартии од вредност
  2. Трудово право – практични примери
  3. Изборен предмет

 

II година

  1. Трговско право – практични примери
  2. Изборен предмет
  3. Магистерски труд

 

Двегодишни студии 120ЕКТС = 180+120=300 ЕКТС

I Година

Насока: Деловно право

Задолжителни предмети

  1. Граѓанско процесно право – практични примери
  2. Облигационо право – практични примери
  3. Корпоративно управување
  4. Вовед во менаџмент на човечки ресурси
  5. Деловен модул 4
  6. Практична настава и проект
  7. Изборен предмет
  8. Изборен предмет
  9. Слободен изборен предмет на ниво на универзитет

 

 

Изборни предмети во програмата Деловно право – студентите можат да изберат 2 од следните предмети:

  1. Англиски за правници
  2. Трговско право – практични примери
  3. Вонпарнично право и извршување
  4. Авторско право
  5. Право на ЕУ
  6. Судско право
  7. Деловен модул 4
  8. Номотехника и правна документација
  9. Право на потрошувачи

 

Изборни предмети на ниво на универзитет – студентите можат да изберат 1 од следните предмети:

  1. Научно истражување и критичко размислување
  2. Квалитативни истражувања
  3. Деловен англиски јазик

 

II година

Насока – Деловно право

Задолжителни предмети

  1. Стечај и стечајна постапка
  2. Право на хартии од вредност
  3. Даночно и царинско право
  4. Магистерски труд
  5. Изборен предмет
  6. Изборен предмет

 

Изборни предмети во програмата Деловно право – студентите можат да изберат 2 од следните предмети:

  1. Англиски за правници
  2. Трговско право – практични примери
  3. Вонпарнично право и извршување
  4. Авторско право
  5. Право на ЕУ
  6. Судско право
  7. Деловен модул 4
  8. Номотехника и правна документација
  9. Право на потрошувачи

Изборни предмети на ниво на универзитет – студентите можат да изберат 1 од следните предмети:

  1. Научно истражување и критичко размислување
  2. Квалитативни истражувања
  3. Деловен англиски јазик