Официјално отворена универзитетска библиотека во чест на проф. Гашпар Биро

 

На 23 јануари 2017 година, во просториите на Универзитетот Американ колеџ Скопје, официјално се отвори универзитетската библиотека во чест на проф. Гашпар Биро (1958-2014).

Официјалното отворање го одржаа државниот министер за културно-научна дипломатија при Министерството за надворешни работи и трговија на Република Унгарија, господинот Иштван Иѓарто, и ректорот на Универзитетот Американ колеџ Скопје (УАКС), проф. д-р Марјан Бојаџиев, во присуство на високи претставници од амбасадата на Унгарија во Македонијa, претставници од академскиот и административен кадар на Универзитетот и медиумите.

img_8901-copy

 

 

 

 

 

 

 

 

По отворањето на библитеката во чест на проф. Гашпар Биро, следеше предавање на тема: „Еден век од правното признавање на исламот во Унгарија“ од д-р Балаш Дери, директор на Центарот за проучување на религијата при Универзитот Етвош Лоранд во Будимпешта.

На настанот присуствуваа претставници на дипломатскиот кор во земјата, претставници од кабинетот на Претседателот на Република Македонија, студентите, како и академскиот и административниот кадар на УАКС.

Пред официјалниот почеток на предавањето, државниот министер за културно-научна дипломатија при Министерството за надворешни работи и трговија на Република Унгарија, господинот Иштван Иѓарто, имаше свое обраќање пред присутните. Тој говореше за значењето на животот и делото на проф. Гашпар Биро, притоа изразувајќи огромна благодарност кон Универзитетот Американ Колеџ Скопје, кој што неговото име и дело вечно ќе го негува.

img_8928-copy

Потоа, во име на амбасадата на Унгарија во Р. Македонија, државниот министер Иѓарто и унгарскиот амбасадор, Н.Е. г-дин Ласло Иштван Дукс, донираа книги за збогатување на библиотечниот фонд на универзитетската библиотека.

img_8942-copy

 

 

 

 

 

 

 

 

Во своето официјално обраќање, ректорот на Универзитет Американ колеџ Скопје, проф. д-р Марјан И. Бојаџиев, даде краток осврт на неговото запознавање и работа со проф. Гашпар Биро, како и за неговиот придонес за Универзитетот, Република Македонија и политичките прашања во светот.

img_8949-copy

 

 

 

 

 

 

 

 

Поглаварот на Исламската верска заедница во РМ, реисот ул-улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи изрази голема благодарност за иницијативата да се одржи предавање на тема: „Еден век од правното признавање на исламот во Унгарија“.

Биографијата на проф. Гашпар Биро е достапна на следниот линк.

 

 

img_8977-copy

img_9000-copy

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Similar Posts