Никола Спасов, сопственик на Агенцијата Рејтинг – гостин предавач на УАКС
На денешното предавање по предметот Истражување на пазарот воден од д-р Надица Јовановска-Бошковска, како гостин-предавач присуствуваше г-дин Никола Спасов, сопственик на агенцијата Рејтинг (Агенција за јавно мислење и комуникациски стратегии). Тој одржа презентација на тема: „Улогата на истражувачките методи во комуникациските стратегии“.
Г-дин Спасов главно се фокусираше на стратегиите за комуникација во процесот на имплементација на политичките кампањи, но исто така елаборираше за истражувањето на јавното мислење преку алатки за бенчмаркинг кои што се основа за сите кампањи. Исто така, тој објасни околу политичкото брендирање, како се врши анализа на кандидатите, дефинирање на таргет групи и дистрибуција на гласови во гласачкото тело. Во рамки на предавањето, тој даде неколку предлози за актуелни политички истражувања кои се вршат насекаде низ светот, како и за истражувања и кампањи кои ги спроведува агенцијата Рејтинг, како што е на пример „Десет факти за ГТЦ“. Студентите изразија голем интерес за темата и се надеваме дека нашата соработка со г-дин Спасов и компанијата Рејтинг ќе продолжи и во иднина.