Студентите од УАКС во посета на финансиски институции
На 13 декември 2018 година, студентите од Факултетот за деловна економија и организациони науки при УАКС, кои го слушаат предметот Финансиски пазари и институции, заедно со предметниот наставник, виш научен соработник д-р Јадранка Мршиќ, беа во посета на неколку финансиски институции.
Г-ѓа Евита Иванова, директор на Секторот за финансиски, организациски и корпоративни прашања и ПР на Македонска берза АД Скопје, одржа презентација за активностите и развојот на берзата.
Г-ѓа Томовска, раководител на Одделот за корпоративни финансии при Комисијата за хартии од вредност, ја претстави улогата на надгледувачот во регулирањето на македонскиот пазар на капитал.
Во текот на истиот ден, студентите и нивниот предметен наставник беа во посета на ВФП АД Скопје Осигурителното брокерско друштво – најновата инвестициска компанија, каде што имаа можност да проследат презентација за македонската индустрија за финансиски вложувања.