Распоред за регистрација за пролетен семестар 2019

Почитувани студенти,

Пред се, би сакале да ви посакаме успех во Новата Година и исполнување на секоја желба, на секое поле!

Исто така, би сакале да ве известиме дека во периодот од 28 Јануари – 01 Февруари следи регистрација на предметите за новиот пролетен семестар од академската 2018/2019 година.

За таа прилика, потребно е да не посетите во предвидените термини, а притоа да ги имате подмирено тековните финансиски обврски, со што би биле во можност да регистрирате нов семестар.

 Доколку ги имате подмирено тековните финансиски обврски или ја имате исплатено годината во целост, ви благодариме и ве молиме да не ја земате во предвид оваа порака, делот кој се однесува на плаќањето.

 Сите останати, би ве замолиле, најдоцна до 21. 01. 2019 година, да извршите уплата за новиот семестар и да ги имате уплатниците со вас на денот на регистрација, во случај да не е регистрирана вашата уплата.

Би ве замолиле внимателно да ги погледнете известувањето и распоредите за регистрација на предмети за новиот семестар:

РАСПОРЕД ЗА РЕГИСТРАЦИЈА 

Воедно ве потсетуваме дека со настава продолжувате од 14.01.2019.

 За секое непочитување на распоредот за регистрација на предмети (задоцнета регистрација), согласно Правилникот за финансиски надоместоци, студентот е должен да плати надоместок од 3.050 денари

Секое добро,

Similar Posts