Промоција на Walkiie, мобилна апликација наменета за лица со попреченост, изработена од студенти на УАКС

Посветен на социјалното претприемништво и негување на високи етички вредности кај младите, Универзитет Американ Колеџ Скопје е посебно горд на своите студенти од тимот „Нешто Нетипично“, кои победија на младинскиот предизвик „Генерација без граници“ 2019.

Овој предизвик се одржа со поддршка од Фондацијата на Телеком, Уницеф и Сојузот на извидници на РСМ, а беше имплементиран од страна на СмартУП – Лабараторија за иновации. Тимот од студентите на УАКС разви идеја за Walkiie, мобилна апликација наменета за лица со попреченост, која ги поврзува со лица со типичен развој – волонтери. Тие ќе им го олеснат излегувањето надвор, со што значително ќе им помогнат на нивните родители и старатели. Благодарение на оваа апликација, лицата со попреченост ќе можат да остварат полесна социјализација и реализација како личности.

Победата на овој предизвик за тимот значи награда од 1000 долари за почеток со работа на апликацијата.

Во сабота на 14ти март во 12 часот, на Школка во Градски парк, ќе се одржи настан за презентација на апликацијата, на кој ќе има пријавување на волонтери и дружење со лицата со попреченост преку интересни игри. Ги повикуваме младите луѓе да се пријават во што поголем број, за да допреме до родителите и старателите на лицата со попреченост и да придонесеме до подобар живот на сите.

Линк од настанот:
https://www.facebook.com/events/s/meet-the-walkiieapp/683780048831255/

Можност за поддршка и повеќе информации:

Facebook: https://www.facebook.com/walkiieapp/ (WalkiieApp)

Instagram: https://www.instagram.com/walkiie_app/ (walkiie_app)

Email: walkiieapp@gmail.com

Web site: http://walkiie.com/

Similar Posts