УАКС и НИКОБ МЕДИКАЛ потпишаа Меморандум за Соработка
Ни претставува огромна чест и задоволство да ве известиме дека УАКС и Приватната здравствена установа – Ординација по општа медицина НИКОБ МЕДИКАЛ Скопје, потпишаа Меморандум за Соработка и Договор за Практикантство.
НИКОБ Медикал претставува здравствена установа која нуди брзи, достапни и квалитетни здравствени услуги на примарно ниво во ординација како и здравствени услуги во домашни услови, 24 часа достапна телефонска медицинска консултација, медицински и санитетски транспорт, како и медицинско обезбедување на јавни настани. Покрај медицинските услуги, преку ПЗУ НИКОБ ЛАБ Скопје се обезбедени и услуги со најсовремена дијагностичка-биохемиска лабораторија и молекуларна дијагностика со можност за услуги во самата лабораторија како и лабораториски услуги во домашни услови. Взаемната соработка ни претставува особено задоволство да придонесеме кон унапредување на соработката во областа на едукацијата и обуката на кадрите, како и размената на искуства и знаења.
Во таа насока, врз основа на Меморандумот за соработка и Договорот за деловна соработка склучен помеѓу ПЗУ НИКОБ ЛАБ Скопје и Универзитет Американ Колеџ Скопје, им овозможуваме на студентите извршување на практикантска работа во времетраење од 2 месеци, во разни области како бизнис администрација, психологија, компјутерска техника и информатика и правни науки. Водени од стремежот за директно учество и придонес во процесот на усовршување на младите кадри, продлабочување на нивните знаења и вештини, како и овозможување практично искуство на потенцијалните кандидати за вработување, очекуваме реализација на успешна и квалитетна соработка.