КОИ СМЕ НИЕ
Факултетот за архитектура и дизајн (ФАД) на Универзитет Американ Колеџ Скопје е водечки факултет во нашата држава од областа на архитектурата, внатрешната архитектура, како и дизајнот. Со амбициозна и висококвалитетна настава, Факултетот има за цел да изгради професионалци способни да се соочат со предизвиците на архитектурата како исклучителен фактор во општеството и животот на човекот.
Посветен на врвна едукација на студентите, како и на негување високи естетски и општествени вредности, Факултетот за архитектура и дизајн се гордее со студентите, нивните успешни кариери и нивните дела.
КОИ СЕ НАШИТЕ ВРЕДНОСТИ
Студирањето архитектура и дизајн се смета за култен академски жанр, затоа што во себе содржи многу области, од уметност и култура, до математика и филозофија. Затоа, архитектурата е интересна и полна со предизвици.
Архитектонскиот простор не е само физички, туку и социјален, културен, но и уметнички. Кога се размислува за конструкцијата на зградата како безбедносен систем, се размислува и за ликовните компоненти на просторот, се размислува и за здрави материјали, како и за здрава и инспиративна средина. И секако, околината на архитектот е полна со предмети, луѓе, звуци, во една необична и несекојдневна атмосфера.
УАКС ФАД е базиран на англосаксонскиот модел, што значи проектантска насоченост. За разлика од тоа, другите факултети во земјата и регионот се базирани на германската архитектонска школа, која во основа има конструктивна насоченост.
НАШИОТ КАДАР
Академскиот кадар на ФАД при УАКС е балансирана комбинација на теориско и практично знаење, претставено преку истакнати професори, искусни архитекти и вешти проектанти.
Наставниците се врвни професионалци и истакнати архитекти кои континуирано го унапредуваат наставниот процес од теоретски и практичен аспект. Сите наставници и соработници се всушност ментори кои ги водат студентите низ образовниот процес. Нашите предавачи имаат уникатна комбинација на теоретско знаење, информации и референци, но и вистински архитектонски вештини.
НАШАТА ПРОГРАМА
Наставната програма ги подготвува студентите за нивна водечка улога во професијата која е во подем, особено во последната декада. Школата е структурирана во насоките архитектура, внатрешна архитектура и дизајн.
Програмата е дизајнирана за методолошко и практично едуцирање на студентите и нивно воведување во различни области. Во текот на предавањата, вежбите и другите едукативни содржини и уметности, се оформува интегралната слика за поимите архитектура и дизајн. Оттука, предметите опфаќаат области од архитектонското проектирање, проектирање ентериери, дизајн, уметничко изразување, теорија и историја на архитектурата, уметноста и дизајнот, графички комуникации, материјализација на просторот и заштита на животната средина.
Покрај задолжителните, во програмата се предвидени и голем број на изборни предмети, со кои се продлабочуваат знаењата во одредени специјализирани подрачја и сегменти на архитектурата, дизајнот и уметноста. Кон поуспешно совладување на студиската програма и воведување на студентите во нивната идна професионална работа, предвидена е и практична работа.
АКАДЕМСКИ КАДАР
ЕКСПЕРТИ ОД ПРАКСА
ВИЗИТИНГ ПРОФЕСОР
НАШАТА ФИЛОЗОФИЈА
Факултетот за архитектура и дизајн на УАКС е посветен на истражување на индивидуалните знаења и вештини кај студентите и нивно надградување, со цел да се овозможи секој студент да го оствари својот потенцијал и да го постигне својот максимум. Токму затоа, на ФАД предавањата и вежбите претставуваат сериозна интеракција и дискусија меѓу студентите и професорите, а искуството од таа размена е незаменливо. ФАД има над 25 наставници, соработници и експерти од пракса. Тие се посветени на постојана работа со своите студенти, преку вежби кои се одвиваат во групи од 10-15 студенти. Тоа значи дека секој студент добива посебно внимание од страна на наставниците, со цел да го развива својот талент и да ги надгради своите способности.
ФАД е единствен факултет во државата каде што на крајот од академската година се одржува годишна изложба. На неа се претставуваат најзначајните студентски достигнувања како резултат на реализацијата на наставната програма од тековната година. Оваа изложба е важна размена на искуства за студентите, а претставува и можност за нивна промоција и пред истакнати архитекти од земјата, како и пред целокупната јавност.
ДЕЛОВЕН СОВЕТ НА УАКС
Соработката со Деловниот совет на УАКС е клучен фактор за развојот на високопрофесионален кадар за реалните животни услови. Деловниот совет на УАКС е составен од над 150 водечки компании и организации од различни професионални сфери, меѓу другото и голем број архитектонски и проектантски студија, градежни компании, дизајн студија и институции посветени на културното наследство. Имајќи за цел усогласување на наставните програми со современите процеси и политики, Деловниот совет на УАКС е дополнителна можност за развој на кариерата на студентите од ФАД.
ОДГОВОРНОСТ КОН ЗАЕДНИЦАТА
Нашите програми се еднакво посветени и на негување социјална одговорност кај студентите, едуцирајќи ги да ја почитувааат заедницата во која живеат и да се однесувааат како одговорни членови на општеството. Имајќи го ова предвид, УАКС организира разновидни социјално одговорни настани и прoeкти, во кои студентите земаат активно учество.
СТРУЧНО И НАУЧНО ЗВАЊЕ ПО ДИПЛОМИРАЊЕ
По дипломирањето на Факултетот за архитектура и дизајн, согласно решенијата за акредитација на студентски програми, студентите се стекнуваат со едно од следните звања:
По завршувањето на постдипломските студии, студентите се стекнуваат со едно од следните звања:
ОЧЕКУВАНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ ПО ДИПЛОМИРАЊЕ
Архитектура
АРХИТЕКТУРА
1 година | ||
Предмети: | ЕКТС | |
1 | Архитектонско проектирање 1 | 6 |
2 | Архитектонско студио 1 | 6 |
3 | Визуелно изразување 1 | 4 |
4 | Нацртна геометрија и перспектива | 6 |
5 | Теорија на форма | 4 |
6 | Архитектонско проектирање 2 | 6 |
7 | Архитектонски конструкции 1 | 6 |
8 | Визуелно изразување 2 | 4 |
9 | Теорија и историја на архитектура, уметност и дизајн 1 | 4 |
10 | Математика | 6 |
11 | Изборен предмет | 4 |
12 | Изборен предмет | 4 |
Вкупно ЕКТС | 60 |
1 година | |
Изборни предмети, 2 од следните: | |
Вовед во менаџмент | 4 |
Англиски јазик за посебни цели | 4 |
Компјутерски апликации | 4 |
Компјутерска графика 1 | 4 |
2 година | ||
Предмети: | ЕКТС | |
1 | Архитектонско проектирање 3 | 6 |
2 | Теорија и историја на архитектура, уметност и дизајн 2 | 4 |
3 | Архитектонско студио 2 | 6 |
4 | Компјутерска графика 2 | 4 |
5 | Архитектонски конструкции 2 | 6 |
6 | Архитектонско проектирање 4 | 6 |
7 | Архитектура и простор | 6 |
8 | Материјализација на архитектонски простор | 4 |
9 | Детаљ во архитектура | 6 |
10 | Теорија и историја на архитектура, уметност и дизајн 3 | 4 |
11 | Изборен предмет | 4 |
12 | Изборен предмет | 4 |
Вкупно ЕКТС | 60 |
2 година | |
Изборни предмети, 2 од следните: | |
Сликање и пластично обликување | 4 |
Техники на визуелно изразување 1 | 4 |
Инсталации во високоградба | 4 |
Архитектонска физика и акустика | 4 |
3 година | ||
Предмети: | ЕКТС | |
1 | Архитектонско проектирање 5 | 6 |
2 | Јавен простор | 6 |
3 | Ентериер 1 | 6 |
4 | Урбанизам 1 | 6 |
5 | Архитектонско проектирање 6 | 6 |
6 | Македонска архитектура и уметност на 19 и 20 век | 4 |
7 | Ентериер 2 | 6 |
8 | Проектирање на јавни згради | 6 |
9 | Урбанизам 2 | 6 |
10 | Изборен предмет | 4 |
11 | Пракса / Летна школа | 2 |
12 | Дипломска работа | 2 |
Вкупно ЕКТС | 60 |
3 година | |
Изборни предмети, 2 од следните: | |
Индустриски дизајн 1 | 4 |
Графички дизајн | 4 |
АРХИТЕКТУРА 3+2
Предмети: | ЕКТС | |
1 | Архитектонско проектирање 1 | 6 |
2 | Современи конструкции и системи 1 | 6 |
3 | Студио урбанизам 1 | 6 |
4 | Ентериер 1 | 6 |
5 | Современи конструкции и системи 2 | 6 |
6 | Архитектонско проектирање 2 | 6 |
7 | Студио урбанизам 2 | 6 |
8 | Современа архитектура, уметност и дизајн | 6 |
9 | Изборен предмет | 6 |
10 | Изборен предмет | 6 |
11 | Естетска и визуелна реторика | 4 |
12 | Архитектонско проектирање 3 | 6 |
13 | Студио проектирање 3 | 6 |
14 | Теорија на архитектура, уметност и дизајн | 4 |
15 | Научно истражување и критичко размислување | 2 |
16 | Одржливо проектирање | 4 |
17 | Боја, дизајн, архитектура | 4 |
18 | Интегративно студио архитектонско проектирање | 6 |
19 | Магистерски труд | 24 |
Вкупно ЕКТС | 120 |
Изборни предмети, 2 од следните: | |
Студио проектирање 1 | 6 |
Студио внатрешна архитектура 1 | 6 |
Студио проектирање 2 | 6 |
Студио внатрешна архитектура 2 | 6 |
*Универзитет Американ Колеџ Скопје го задржува правото да ја измени наставната програма.
info@uacs.edu.mk
+389 2 246 3156
Boulevard III Makedonska Brigada 60, 1000 Skopje