Оваа студиска програма има за цел да понуди професионално усовршување во полето на деловното право кое во правно-економскиот промет на Р. Северна Македонија има широка примена, а во одредени случаи правото и економијата неизбежно се испреплетуваат. Потребата од понатамошно усовршување е секогаш присутна, а особено во обемноста и комплексноста на деловното право. Особено внимание е ставено на облигациите во прометот, кои се неизбежна појава и за кои има потреба од понатамошно изучување, со цел подигнување на степенот на компетентност за решавање правна проблематика во рамките на  правните лица кои се дел од економскиот развој на државата. Забележана е потреба од понатамошно дообразување на правните кадри со цел совладување на правниот аспект на корпоративното работење, берзанското работење, инвестициските фондови и пазарната конкуренција, како некои од факторите кои имаат влијание на националниот и приватниот бизнис раст и развој.

 

Програмата  дава основа за развивање критичка анализа на актуелната  поставеност и проблематика на деловното право со цел пронаоѓање оптимални солуции во правните случувања при управување со бизнисот. Таа покрива широка област на различно деловни пракси и нивна правна импликација, и е дизајнирана така што студентите ќе добијат знаење и од меѓународните аспекти на деловното право. Покрај тоа, студентите ќе развијат и вештини кои се од одлучувачко значење за професионален и личен развој.

 

По завршувањето на студиите по деловно право, студентите ќе бидат оспособени  да заземат работни позиции како корпоративни советници, менаџери на правни друштва, да вршат правен надзор на корпорациите, итн. По завршувањето на студиите и положувањето на правосудниот испит, студентите може да работат и како адвокати за застапување пред судовите,  како адвокати-консултанти, а можат и да раководат со осетливи правни трансакции од областа на корпорациите.

 

Академско звање:

Магистер на правни науки од областа на деловното право

 

 

ОПИС НА ПРЕДМЕТИ

Трудово право – применета програма

Трудовото право е научна дисциплина чиј предмет на проучување е трудот и комплексот норми со кои се регулираат работните односи. Во рамки на курсот ќе бидат обработени сите институти од доменот на работните односи, определени со Законот за работни односи – засновањето работен однос, правата од работен однос, престанокот на работниот однос, заштитата на правата од работниот однос, како и одговорноста на работниците од заснованиот работен однос. Воедно, ќе бидат разгледани и прашањата поврзани со невработеноста, како и системот на заштита и надзор на правата од работниот однос. Исто така, ќе бидат обработени и некои основни прашања од доменот на социјалното осигурување.

 

Корпоративно право

Се изучува суштината на ефикасното корпоративно управување. Се почнува со дефинирање на поимот корпоративно управување, неговата појава и целите кои создавачите на концептот корпоративно управување ги имале пред себе. Се прави споредба помеѓу застапените модели на корпоративно управување (англо-американскиот наспроти германско-јапонскиот), се разработуваат принципите на доброто корпоративно управување, обврските кои ги наметнува законот и се разгледуваат проблемите во организацијата и управувањето на компаниите, како и причините и појавите кои довеле до пропаѓање на голем број компании. Предметот првенствено ги анализира проблемите кои ги имаат т.н. јавно поседувани компании, вклучително и котираните компании (или “publicly traded” компании), но сознанијата и препораките кои ги нуди се применливи за сите типови компании. Поделба на надлежности, ефикасна организација, професионален менаџмент, еднаков однос со сите акционери, транспарентност и обелоденување на информации, како општи принципи, се само некои од темите кои ќе бидат разработени. Основа е македонското законодавство и пракса, кои се изучуваат преку споредби со стандардите на корпоративно управување во САД, како држава која според голем број критичари има најдолга традиција и најразвиен систем на корпоративно управување. Во Македонија корпоративното управување се разгледува пред сѐ, но не исклучиво низ примерот на банките, кои како сектор со значителни странски инвестиции, имаат најразвиен систем на корпоративно управување. Како составен дел на доброто корпоративно управување се обработува и корпоративната општествена одговорност.

 

Право на инвестициски фондови

Овој предмет ќе ги проучува статутите, правилата, регулативи, регулаторните одлуки, судските случаи и документацијата на инвестициските фондови и други материјали за да ги запознае студентите со правните прашања во областа на управување со инвестиции и принципите кои водат во решавањето на овие прашања. Предметот треба на студентите да им го објасни основањето и работењето на инвестициските фондови, друштвата за управување со инвестициски фондови, издавањето и продажбата на удели и акции, откуп на удели, промоција на инвестициските фондови, работи кои за инвестициските фондови ги извршуваат трети лица и работењето на депозитарната банка.

 

Стечај и стечајна постапка

Предметот ги опфаќа сите аспекти на стечајот како сложен и актуелен правен институт на трговското право, набљудуван како од материјално-правен, така и од формално-правен аспект. Суштински момент е утврдување на состојбата на друштвото кога истото е презадолжено, како состојба со карактеристичен правен третман. Од не помало значење е и проучувањето на можноста за ревитализирање на друштвото преку воведувањето на институтот план за реорганизација. Во рамки на предметот, посебен акцент ќе биде ставен на селектирани карактеристични примери за водење на стечајна постапка, како од странската, така и од домашната правна пракса од овој домен.

 

Берзанско право

Овој предмет опфаќа одредени аспекти на пазарите на хартии од вредност и финансиски производи во земјата. Предметот дава општ преглед на финансискиот систем, учесниците на пазарите на хартии од вредност и финансиски производи и регулаторни тела, го испитува регулаторниот систем и законските обврски кои се однесуваат на главните учесници во финансискиот систем, става фокус и на регулирањето на пазарното однесување, вклучувајќи го и погрешното и измамливо однесување, пазарна манипулација и инсајдерско тргување.

 

Судско право

Предметот е воведен со цел студентите да се запознаат со судското право и организацијата на судскиот систем во нашата земја. Истиот опфаќа: значење на судското право, извори на судското право, суд, судска власт и судска функција, судска заштита на човековите слободи и права, судски систем, судија, судење, алтернативи на судот и судењето, други институции во судскиот систем.

 

Право на индустриска и интелектуална сопственост

Овој предмет се фокусира на принципите на законодавство за интелектуална и индустриска сопственост како средство за обезбедување стимулации за креативност и иновации и регулирање на пазарот. Исто така, го следи развојот на правото на интелектуална сопственост од инструмент за национална политика за иновации до глобално трговско прашање. Ќе бидат опфатени меѓународни инструменти, како што се Париската конвенција, ТРИПС, и ќе бидат опфатени нивните основни принципи на територијалност, национален третман, приоритет и третман на најпосакувана нација. Покрај тоа, прашањата за спроведување, граѓанските постапки за заштита на правата и кривични санкции ќе се разработуваат но и разгледуваат во контекст на меѓународните обврски.

 

Договорно право

Основа за изучување на овој предмет е Законот за облигациони односи на РМ. Каде целисходно, ќе биде направена споредба на одредбите од македонското, со американското право и/или правото на Европска унија. Од Законот за облигациони односи ќе се изучуваат сите тематски единици кои се наведени во важечката Програма за полагање на правосуден испит во РМ. Се почнува со повторување на основите на облигационите односи, потоа се продолжува со теми како рушливост, ништовност, престанок, раскинување на договор, други начини на престанок на договорни обврски и многу други, а се завршува со изучување конкретни видови на договори, изучување на суштината на облигационите односи, различни видови облигациони односи, настанување и престанок на облигациони односи, договори како посебен вид облигациони односи, со осврт на договори кои најчесто се применуваат во пракса.

 

Арбитражно право

Во предметот ќе се изучува пред сѐ историскиот развиток и поимот на трговска арбитража, правната природа на трговската арбитража, изворите на арбитражно право, видовите арбитражи, спогодбата за трговска арбитража, именувањето и статусот на арбитрите, постапката пред меѓународната трговска арбитража, меродавното за суштината на спорот пред меѓународната трговска арбитража, поништувањето на арбитражната одлука и признавањето и извршувањето на домажни и странските арбитражни одлуки.

 

Компјутерски  криминал

Овој курс оди во насока на разбирање на тоа што е електронскиот криминал (Сајбер криминал). Ќе се проучуваат тековните и постојано напредни ефекти во денешниот свет. Брзиот развој, неисцрпните ресурси и технолошките иновации уште повеќе ги зголемуваат заканите и зачестеноста на сајбер нападите. Студентите ќе ги истражуваат и разберат заканите, технологиите, криминалните групи на сајбер криминалци и мерките што можат да се преземат против такви закани. Целта на овој курс е, исто така, да се истражат тековните прашања на безбедносни политики во јавниот, но и во приватниот сектор, како што е на пример, состојбата со моментното законодавство и препораките на овластените служби и органи.

 

Банкарско право

Банкарското работење е високо регулирана активност во многу делови од светот, вклучувајќи ги ЕУ и РСМ, а по глобалната финансиска криза од 2007-9 година, регулаторните рамки претрпеа тешки реформи. Предметот има за цел да ги запознае студентите со основањето, работењето, супервизијата и престанокот на работењето на банките и на филијалите на странски банки во земјата. Главен фокус е Законот за банките. Предметот ја разработува регулативата на македонското банкарство посебно, и нејзините односи со меѓународната регулатива и регулативата на ЕУ.

 

Номотехника и правна документација

За секој правник од особено значење е правното изразување односно пишување. Со цел подготвување на студентите за работа во пракса, предметната програма вклучува истражување, правна анализа и толкување на прописи, пишување секаков вид на правни документи, пишување и проверка на интерни акти на правни лица, пишување и проверка поднесоци во судски постапки, постапки пред Извршители и/илипред Нотари, слично. Од друга страна, за секој правник, од големо значење е техниката преку која политиката на власта се преточува во законските норми (номотехника). Од начинот на формулирање на законските одредби зависат квалитетот на законот и неговата правилна примена. Токму затоа, секој правник треба добро да ја познава и да владее со техниката на пишување закони и подзаконски акти. Само добро обучени правници можат да придонесат за квалитетни, јасни, разбирливи, издржани и применливи законски текстови. Затоа содржина на оваа предметна програма е токму постапката за изготвување закони во РСМ, со објаснувања и препораки за номотехниката на изработка на законски текст. Програмата вклучува примери од практиката преку кои на студентите на полесен начин им се приближува оваа материја. Преку вежбите, студентите, како идни правници и професионалци вклучени во законодавниот процес, се стекнуваат со основни способности за пишување законски одредби.

 

Трговско право-практични примери

Предметот ги опфаќа генерално договорите во трговското право, склучување договор, средства за обезбедување на исполнување на договор, договор за продажба, поим, ризик, состојки, обврски на продавачот, Договор за продажба: право на купувачот, обврски на купувачот, заштита од евикција, надомест на штета при раскинување на договорто, случаи на продажба со посебни погоди, основи на ИНКОТЕРМС. Предметот исто така ќе ја опфати и легислативата на Светската трговска организација и ЦЕФТА, односно меѓународните постулати на кои почива светското тргување.

 

Корпоративен криминал

Овој курс се фокусира на криминалот извршен во рамките на деловните средини. Законот одговара на предизвиците на корпоративниот криминал; како примарно средство за комерцијална активност, неприфатливите корпоративни практики се предмет на кривична санкција. Курсот ги разгледува принципите на корпоративна кривична одговорност и последиците од пресудата за корпорација, се осврнува на огромните предизвици во меѓународната борба против корупцијата, и ги проучува меѓународните договори и нивното спроведување во домашното право. Освен тоа, курсот ги разгледува и другите значајни области на потенцијален корпоративен криминал кој вклучува сметководствени погрешни прикажувања, картели и даночни прекршоци. Повеќекратните тензии предизвикани од внатрешни истраги за корпоративниот криминал исто така се истражуваат во контекст на должностите на директорот за зачувување на имотот на компанијата на начин што е во согласност со обврските за обелоденување на информации до сите стејкхолдери.

 

Научно истражување и критичко размислување

Во првиот дел, предметот се осврнува на основните информации на академско пишување, референцирање, истражувачки и пишувачки вештини, различни приоди во истражувањето и подготовка на преглед на литературата. Посебен акцент се става на развивањето кохерентен аргумент и спротивставувањето на аргументите при пишување критички преглед на литературата. Вториот дел се заокружува со структура и пишување предлог-истражување (предлог магистерски труд). Во вториот дел посебен акцент се става на развојот на вештини за критичко размислување и анализа, особено во поглед на анализа на постојната литература по дадена тема.

 

*Универзитетот Американ Колеџ Скопје го задржува правото за измена на програмата

 

©2024 UACS, All Rights Reserved

Follow us   

slot gacor slot gacor slot gacor slot gacor slot gacor slot gacor slot gacor slot gacor