Department of Law

КОИ СМЕ НИЕ?

Со високоамбициозна и квалитетна програма, Катедрата за правни науки при Факултетот за политички науки има за цел да ги подготви студентите за градење успешна кариера во правната област. Посветени на негувањето високи правни, етички и општествени вредности, знаења и практики кај студентите, Катедрата за правни науки пласира врвни професионалци во струката, со што совесно и одговорно учествува во јавниот живот на земјата.

 

КОИ СЕ НАШИТЕ ВРЕДНОСТИ?

Катедрата за правни науки создава правници што се способни да се соочат со предизвиците на современото живеење и кои, користејќи ги своите знаења и вештини од областа на правото и правосудството, можат да станат активен чинител во јавниот дискурс, во креирањето политики и во јавното живеење. Посветена на негување високи хуманистички вредности кај студентите, Катедрата за правни науки промовира едукација со силноизразени етички рамки, со цел совесно и одговорно делување во општеството.

 

КОЈ Е НАШИОТ КАДАР?

Академскиот кадар на Катедрата за правни науки овозможува балансирана комбинација на теориско и практично знаење, спроведено преку истакнати професори и искусни правници. Нашите предавачи имаат уникатна комбинација и на теоретско знаење, податоци и референци, но и на вистинско политичко-правно искуство.

 

НАШАТА ФИЛОЗОФИЈА

Правото е наука што бара исклучително добра теоретска основа, но она што е од посебно значење за студентите е можноста за апликација на знаењата. Затоа, на Катедрата за правни науки се посветува посебно внимание на практичната примена на правото, како дополнување на предавањата.

 

Студентите стекнуваат знаење преку:

  • Студии на случај
  • Толкување улоги
  • Симулација на судење

 

На ова се надоврзуваат и големиот број истражувања, анализи, проекти, есеи и презентации што студентите ги изработуваат самостојно и во соработка со професорите. Благодарение на ваквиот комбиниран пристап, студентите се подготвуваат за писмена и усна елаборација на различни тематски проблеми и се оспособуваат за реалниот живот и современите услови на правно работење.

Наставата на Катедрата за правни науки е конципирана да се одвива во мали групи со цел да му овозможи на секој студент еднакво и значително внимание. На тој начин, секој студент може да се вклучи во дискусија и во целокупниот наставен процес.

Соодносот студент наставник на Катедрата за правни науки е 12:1, што овозможува индивидуална работа со студентите и оптимални услови за стекнување знаење.

 

ПРОГРАМА ПО МЕЃУНАРОДНО ДЕЛОВНО ПРАВО

Oваа студиска програма има за цел на студентите да им понуди професионално усовршување во полето на меѓународното деловно право, кое во правно-економскиот промет има широка примена. Своите знаења дипломираните студенти ќе можат да ги применат во соочувањето со современите предизвици, во различни ситуации и средини во организации во различни сектори како бизнис, јавни претпријатија и во невладиниот сектор.

Кадрите ќе можат да се вклучат професионално и компетентно да даваат квалитетна правна помош не само во однос на деловното право, туку и во повеќе области од правото и да прераснат во професионалци со висок дигнитет.

Програмата по меѓународно деловно право одговара на барањето за поголема компатибилност со европските и другите светски центри и универзитети на кои се изучуваат овој вид програми. Структурата на програмата овозможува стекнување на општи и теоретски сознанија, како и стекнување на поспецифични и апликативни сознанија преку понуда на задолжителни и изборни предмети, врз основа на осознаени практики и знаења.

 

ДЕЛОВЕН СОВЕТ НА УАКС

Соработката со Деловниот совет на УАКС е клучен фактор за развојот на високопрофесионален кадар за реалните животни услови. Деловниот совет на УАКС е составен од над 150 водечки институции, компании и организации од различни професионални сфери, меѓу другото и Нотарската комора на РСМ, Адвокатската комора на РСМ, Здружението на правници на РСМ, Академијата за судии и јавни обвинители на РСМ, како и бројни адвокатски и нотарски канцеларии. Имајќи за цел усогласување на наставната програма на современите процеси и политики, Деловниот совет на УАКС е дополнителна можност за развој на кариерата на студентите од Катедрата за правни науки.

 

ОДГОВОРНОСТ КОН ЗАЕДНИЦАТА

Програмата е еднакво посветена и на негување социјална одговорност кај студентите, едуцирајќи ги да ја почитуваат заедницата во која живеат и да се однесуваат како одговорни членови на општеството. Имајќи го ова предвид, УАКС редовно организира разновидни социјално одговорни настани и проекти во кои студентите земаат активно учество.

 

ОЧЕКУВАНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ ПО ДИПЛОМИРАЊЕ

  • Осознавање на начинот на работа на правниот систем во РСМ и изворите на правото
  • Развивање вештини за анализа на правниот систем и науката за правото
  • Идентификување на карактеристиките на македонскиот правен систем и компаративна анализа со другите правни системи во светот
  • Совладување на правниот аспект на корпоративното работење, берзанското работење, инвестициските фондови и пазарната конкуренција
  • Познавање деловни зделки и основни познавања од економија
  • Познавање на правните аспекти на меѓународната продажба на стоки и услуги, електронската трговија, финансирањето, осигурувањето и решавањето спорови
  • Совладување како законската регулатива влијае на деловните зделки помеѓу друштвата со седиште во различни држави
  • Продлабочено познавање на државните правни системи, нивното формирање и нивниот начин на работа
  • Совладување вештини за јавно говорење за правни ставови, вклучително и изнесување аргументи во однос на прашања од областа на деловното право, финансовото право, банкарството и други сродни области
  • Висок степен на оспособенoст за презентирање факти на правен случај, образложување на сопствената одлука по конкретен случај и учество во дискусии по сите правни прашања генерирани во контекст на презентираниот случај
  • Знаење на карактеристиките на видовите трговски друштва и високо познавање во областа на правните аспекти на банкарското работење и хартиите од вредност

 

МОЖНОСТИ ЗА ГРАДЕЊЕ КАРИЕРА

По завршувањето на програмата Меѓународно деловно право на Катедрата за правни науки, студентите имаат можност да почнат да градат професионална кариера во бизнис-секторот, правосудство, политика, усогласеност на работење со прописите, меѓународни односи, односно:

  • Институции на правосудниот систем на РСМ: судови, јавни обвинителства, адвокатски канцеларии, нотарски канцеларии, канцеларии на извршители
  • Правни сектори на трговски друштва
  • Институции на државна управа
  • Институции на локална самоуправа

 

СТРУЧНО И НАУЧНО ЗВАЊЕ ПО ДИПЛОМИРАЊЕ

По дипломирањето на Катедрата за правни науки, согласно решенијата за акредитација на студиската програма, студентите се стекнуваат со звањето:

  • Правник во насоката Меѓународно деловно право (180 ЕКТС)

 

НАШИТЕ ПРОФЕСОРИ

  1. Проф. д-р Марко Андонов – едукатор во Академијата за судии и јавни обвинители на РСМ, гостински предавач на Универзитетот во Падова – Италија, почесен конзул на Грузија во РСМ
  2. Проф. д-р Кимо Чавдар – член на Комисијата за изработка на граѓанскиот законик, член на Комисијата за помилување на Претседателот на РСМ
  3. Вон. проф. д-р Зоран Михајлоски – долгогодишен судија во Апелациониот суд – Скопје, постојан едукатор во Академијата за судии и јавни обвинители на РСМ
  4. Вон. проф. д-р Љупчо Петкуќески – долгогодишен државен советник при Владата на РСМ, експерт од сферата на управното право и управната постапка
  5. Доц. д-р Ирена Бојаџиевска – консултант на домашни и европски проекти за усогласување на домашното законодавство со законодавството на ЕУ
  6. Проф. д-р Зоран Шапуриќ – поранешен пратеник во Собранието на РМ и поранешен министер за животна средина и просторно планирање
  7. Вон. проф. д-р Марина Андева – алумна на Универзитетот во Трст, Италија, научен соработник во Институтот за меѓународна социологија во Гориција, Италија
  8. Доц. д-р Огнен Вангелов – алумнус на Универзитетот Квинс, Канада
  9. Вон. проф. д-р Кате Трајкова – член на Македонското здружение на американски алумни
  10. Доц. д-р Иван Стефановски – алумнус на Scuola Normale Superiore, Италија
  11. Проф. д-р Иван Додовски – алумнус на Универзитетот Нотингем, Велика Британија, претседавач на ЕНТАН – Европската мрежа за нетериторијална автономија
  12. Доц. д-р Данчо Марковски – македонски амбасадор во Албанија и поранешен дипломат во амбасадите во Либија, Турција, Шведска, Кина, Хрватска

 

Прва година
ПредметиЕКТС
1Вовед во право6
2Модерна Европа6
3Социологија6
 

 

4

Светски јазик 1 ( еден од: италијански,

 

шпански, француски или германски)

 

 

6

5Изборен предмет6
6Граѓанско и стварно право6
7Макроекономија6
8Англиски за посебни цели8
9Светски јазик 26
10Македонски јазик2
11Практична настава2
Вкупно ЕКТС60

 

Изборни предмети, 1 од следните:
Историја на право6
Римско право6
Историја и култура на САД6
Вовед во менаџмент6
Вовед во политика6
Микроекономија6
Академско пишување 16
Компјутерски апликации 16
Компјутерски апликации 26
Вовед во книжевност6
Британски студии6
Говорна комуникација6
Вовед во креативно пишување6

 

Втора година
ПредметиЕКТС
1Уставно право6
2Право на ЕУ, институции и управување6
3Методологја на научно истражување6
4Светски јазик 36
5Изборен предмет6
6Меѓународно јавно право6
7Меѓународен бизнис6
8Уставно право, јавна политика и управување6
9Граѓанско процесно право6
10Светски јазик 46
Вкупно ЕКТС60

 

Изборни предмети, 1 од следните:
Литература, филм и политика6
Облигационо право6
Политичка култура6
Вовед во менаџмент6
Национализам и етнополитика6
Еколошко право и одржлив развој6
Регионална автономија и локална самоуправа6
Политики и управување со прекугранична соработка6
Глобално разбирање и меѓународна соработка6
Споредбени политички системи6
Политичка мисла6
Критичка теорија6

 

Трета година
ПредметиЕКТС
1Кривично право6
2Трудово право6
3Европско компаниско право6
4Светски јазик 56
5Изборен предмет6
6Кривично процесно право6
7Семејно наследно право6
8Деловен модул 1 – Претприемништво и е-бизнис6
9Деловен модул 2 – Деловно право и деловна етика6
10Дипломски труд6
Вкупно ЕКТС60

 

Изборни предмети, 1 од следните:
Миграции и бегалци6
Мултикултуризам6
Политичка култура6
Управување со конфликти6
Источна Азија во светска политика6
Меѓународни човекови права6
Меѓународно приватно право6
Економска дипломатија6
Светски јазик 66

 

*Универзитет Американ Колеџ Скопје го задржува правото да ја измени наставната програма.

©2024 UACS, All Rights Reserved

Follow us   

slot gacor slot gacor slot gacor slot gacor slot gacor slot gacor slot gacor slot gacor