Оглас за пракса за UACS студенти во Monks Аgency 

Monks Agency е водечка дигитална маркетинг агенција од Скопје, специјализирана за креирање на иновативни дигитални маркетинг стратегии и комуникациски планови. Ги користиме најновите AI алакти и практики со цел да внесеме иновација во секој од работните процеси. Нашите услуги вклучуваат Meta/LN/Google Ads, copywriting, креирање веб страни и SEO оптимизација, генерирање на лидови, е-маил маркетинг. Ние сме AI ориентирани и секогаш се стремиме да ја избегнеме просечноста.

Во Monks Agency следиме кодекс кој ни помага да достигнеме извонредност, професионализам и креативно изразување во динамична работна средина. Нашиот тим е посветен на развој на иновативни маркетинг кампањи и тесна соработка со клиентите за остварување на нивните цели.

Опис на Позицијата

Како дел од нашиот тим, ќе имате можност да работите на креативни и предизвикувачки проекти, користејќи најнови технологии и AI алатки. Идеалниот кандидат е маркетер со креативно размислување, тимски дух и одговорност за исполнување на задачите. Очекуваме подготвеност за лична надградба, мултитаскинг и иновативно размислување.

Што Нудиме

  • Менторство и обука од искусни професионалци
  • Работа во динамична и креативна средина
  • Можности за професионален развој и кариера

Како да Аплицирате

Доколку сте заинтересирани за оваа позиција, ве молиме испратете ни го вашето CV и мотивационо писмо на hi@monks.agency. Покажете ја вашата страст за дигитален маркетинг и вашата креативност.

Зошто Monks Agency?

Во Monks Agency веруваме дека автентичноста, креативноста и страста се клучни за успех. Придружете ни се и станете дел од нашиот тим кој се стреми кон извонредност во секој аспект од работата.

Повеќе информации на овој линк https://monks.agency/

 

Similar Posts