Call for the election of the student ombudsman at the University American College Skopje

Врз основа на член 31 став 2 од Законот за високото образование („Сл. весник на РМ” бр. 82/2018, „Сл. весник на РСМ” 178/21 и 58/24) и член 3 од Статутот на Универзитетското студентско собрание, Универзитетското студентско собрание објавува:

КОНКУРС
за избор на студентски правобранител на Универзитет Американ Колеџ Скопје

 

  1. Се распишува Конкурс за избор на студентски правобранител на УАКС.
  2. Кандидатите за студентски правобранител на Универзитет Американ Колеџ Скопје треба да ги исполнуваат следните услови:
  • Да е редовен студент на УАКС и
  • Да има желба и можности за застапување на студентите и подобрување на студентското искуство.
  1. Овластувања кои ги има студентскиот правобранител:
  • Постапува по поднесок од страна на студент или по сопствена иницијатива доколку увидел дека е повредено право на студент од страна на органите на Универзитетот или друг член на академската заедница на Универзитетот;
  • Посредува во спорови помеѓу студентите и органите на Универзитетот, студентите и член на академската заедница на Универзитетот;
  • Дава препораки во конкретни случаи со цел разрешување на спорови;
  • Презема дејствија за кои е надлежен и по сопствено наоѓање. Ако започне постапка по сопствена иницијатива, потребна е согласност од студентот на кого му се повредени правата;
  • Става на јавна дискусија прашањата поврзани со системот на заштита на студентските права и кршењето на студентските права, и заклучоците од тие прашања да ги промовира со цел подобрување на квалитетот на високото образование и заштитата на студентските права;
  • Соработува со домашни и странски владини и невладини институции;
  • Се состанува со замениците студентски правобранители на Универзитет Американ Колеџ Скопје,
  • Врши и други надлежности доделени од Сенатот на Универзитетот или од Универзитетското студентско собрание

При вршењето на својата работа, студентскиот правобранител се води од принципите на непристрасност, недискриминација, доверливост, достапност, одговорност, отчетност и законитост.

Студентскиот правобранител не е овластен да ги застапува студентите пред други државни органи, односно во ниту една ситуација не може да ги штити правата на студентите надвор од академската заедница.

  1. Обврски на студентскиот правобранител:
  • За својата работа студентскиот правобранител поднесува годишен извештај до Сенатот на Универзитетот, најдоцна до 1 март тековната година за претходната година.
  1. Мандатот на студентски правобранител трае 2 (две) години од денот на изборот или до завршување на студиите.
  2. Студентскиот правобранител се избира од Универзитетскиот сенат, со мнозинство гласови на членовите на сенатот, на предлог на Универзитетското студентско собрание на претходно објавен конкурс.
  3. Во прилог со Пријавата, кандидатите треба да достават:
  • Потврда за редовен студент,
  • Мотивациони писмо со предлог цели за двегодишниот мандат.

Кандидатите за студентски правобранител треба да ги достават потребните документи во рок од 8 (осум) дена од објавување на Конкурсот на веб страната на Универзитетот, сметано од денот на објавувањето.

Документацијата можат да ја достават преку електронска пошта на info@uacs.edu.mk со назначување до Претседателот на Универзитетско собрание, кандидат за студентски правобранител.

 

Скопје, 3.3.2025 година

Similar Posts