Call for the election of deputy student ombudsman at the University American College Skopje
Врз основа на член 31 став 3 од Законот за високото образование („Сл. весник на РМ” бр. 82/2018, 178/21 и 58/24) и член 3 од Статутот на Универзитетското студентско собрание, Универзитетското студентско собрание објавува:
КОНКУРС
за избор на заменици студентски правобранители на Универзитет Американ Колеџ Скопје
- Се распишува конкурс за избор на 5 (пет) заменици студентски правобранители на Универзитет Американ Колеџ Скопје и тоа по еден од секој факултет во рамки на Универзитет Американ Колеџ Скопје: Факултет за деловна економија и организациони науки (ФДЕИОН), Факултет за архитектура и дизајн (ФАД), Факултет за компјутерска техника и информатика (ФКТИ), Факултет за политички науки (ФПН) и Факултет за странски јазици (ФСЈ).
- Кандидатите за заменици студентски правобранители на Универзитет Американ Колеџ Скопје треба да ги исполнуваат следните услови:
- Да се редовни студенти на еден од факултетите на УАКС и
- Да имаат желба и можности за застапување на студентите и подобрување на студентското искуство.
- Овластувања кои ги има заменик студентскиот правобранител:
- Постапува по поднесок од страна на студент или по сопствена иницијатива доколку увидел дека е повредено право на студент од страна на органите на Универзитетот или друг член на академската заедница на Универзитетот.
- Посредува во спорови помеѓу студентите и органите на Универзитетот, студентите и член на академската заедница на Универзитетот;
- Дава препораки во конкретни случаи со цел разрешување на спорови;
- Презема дејствија за кои е надлежен и по сопствено наоѓање. Ако започне постапка по сопствена иницијатива, потребна е согласност од студентот на кого му се повредени правата;
- Става на јавна дискусија прашањата поврзани со системот на заштита на студентските права и кршењето на студентските права, и заклучоците од тие прашања да ги промовира со цел подобрување на квалитетот на високото образование и заштитата на студентските права;
- Соработува со домашни и странски владини и невладини институции;
- Врши и други надлежности доделени од студентскиот правобранител на УАКС, наставно – научниот совет на факултетот или од Универзитетското студентско собрание.
При вршењето на работите, замениците студентски правобранители се водат од принципите на непристрасност, недискриминација, доверливост, достапност, одговорност, отчетност и законитост.
Замениците студентски правобранители не се овластени да ги застапуваат студентите пред други државни органи, односно во ниту една ситуација не можат да ги штитат правата на студентите надвор од академската заедница.
- Обврски на заменикот студентски правобранител на факултетот:
- За својата работа замениците студентски правобранители поднесуваат годишен извештај до наставно – научниот совет на факултетот и до студентскиот правобранител на Универзитетот, најдоцна до 15 февруари тековната година за претходната година.
- Мандатот на замениците студентски правобранители трае 2 (две) години од денот на изборот или до завршување на студиите.
- Студентските правобранители се избираат од Универзитетското (факултетското) студентско собрание, со мнозинство гласови на членовите.
- Во прилог со Пријавата, кандидатите треба да достават:
- Потврда за редовен студент,
- Мотивациони писмо со предлог цели за двегодишниот мандат.
Кандидатите за заменици студентски правобранители треба да ги достават потребните документи во рок од 8 (осум) дена од објавување на Конкурсот на веб страната на Универзитетот, сметано од денот на објавувањето.
Документацијата можат да ја достават преку електронска пошта на info@uacs.edu.mk со назначување до Претседателот на Универзитетско собрание, кандидат за заменик студентски правобранител.
Скопје, 3.3.2025 година