Факултет за компјутерска техника и информатика

Постдипломски студии – Насока: Софтверско инженерство

Што го прави ФКТИ водечки факултет во Р. Македонија?

Факултет за компјутерска техника и информатика (ФКТИ) е еден од водечките за информатичка технологија во Р. Македонија. Наставата се одвива на англиски јазик.

Факултет за компјутерска техника и информатика ви нуди две насоки:

  • Софтверско инженерство
  • Менаџмент на информациски системи

Единствено во Македонија – насоката Менаџмент на информациски системи е акредитирана од Советот за акредитаија на бизнис факултети и програми (ACBSP)

  • ФКТИ го зазема првото место во Р. Македонија за научен труд кој што е платено превземан од Интернет .
  • Само во последните две години професорите и стдентите на ФКТИ имаат објавено повеќе од 17 научни и стручни труда, коишто се публикувани во меѓународни списанија или презентирани на конференции. Од нив два научни труда имаат добиено импакт фактор!
  • ФКТИ има добиено признание од страна на Министерството за образование и наука на Р. Македонија за труд објавен во списание со импакт фактор.

Преку 10 професори и соработници секојдневно работат со студентите на ФКТИ со цел да посветат внимание на секој студент поединечно, да ги развијат неговите/нејзините афинитети и да ги насочат да се развиваат во посакуваната област
ФКТИ редовно ангажира професори и експерти кои го завршиле своето образование или тековно работат во други европски земји и САД, со цел студентите да добијат побогато искуство и работна комуникацијасо институции надвор од границите на Македонија.
Соодносот студент/професор на ФКТИ изнесува 10:1, сооднос кој што овозможува индивидуална работа со студентите.

    • Вон. проф. д-р Адријан Божиновски – Декан на факултетот за компјутерска техника и информатика.
    • Проф. д-р Ѓорѓи Јованчевски– Министерство за образование на Р. Македонија
    • Вон. проф. д-р Вено Пачовски – Професор на УАКС
    • Доц. д-р Билјана Стојчевска – Министерство за одбрана на Р. Македонија
    • Д-р Хари Локвенец– Професор на УАКС
    • М-р Ивана Стојановска – докторант на Факултетот за компјутерска техника и информатика на УАКС

Надворешни соработници:

  • М-р Симон Бојаџиевски – OneVip Телеком
  • Наташа Анастасова Бојаџиевска – сертифициран инструктор за ECDL
  • М-р Златко Ивановски – Асистент на УАКС
  • М-р Марјан Таневски – Асистент на УАКС, ИТ Гама
  • Д-р Стево Божиновски – предава на Државниот универзитет на Јужна Каролина, САД

Студентите на ФКТИ работат во мали групи. ФКТИ посветува особено внимание на напредните области во Информатичката технологија и наука како што се:

  • Работика
  • Биомедицинска техника
  • Процесирање на биосигнали
  • Бази на податоци
  • Обработка на јазици

Наставата се изведува на англиски јазик, преку употреба на најсовремени учебници и наставни материјали од реновирани универзитети, студии на случај и практична примена на теоријата. Студентите на ФКТИ ги развивааат своите презентациски вештини и воедно го усовршуваат користењето на англискиот јазик во професионалната комуникација. Освен тоа се поттикнува тимската работа , работата во групи и споделувањето на искуства.

Можностите за вработување во најбрзорастечката индустрија во светот се неограничени! Дел од професиите кои бараат ИТ квалификации вклучуваат:

  • ИТ инженери
  • Програмери, одржување на системи, развој на апликации и сл. Во ИТ компании во Македонија и светот.
  • Програмери и одржување на системии слично во државни институции
  • Развој на софтвер во домашни и странски компании
  • Основање сопствена компанија и развивање на бизнис во ИТ индустријата.

За наставната програма

Наставната програма е дизајнирана на начин кој овозможува поттикнување на индивидуална и тимска работа. По завршувањето на постдипломските студии, секој студент ќе се стекне со следните вештини и знаења:

  • Познавање, апликација и работа со следните технологии: C++, Java, C#, asp.net, PHP, JQuery, HTML, XML, SQL, Linux.
  • Познавање во областа на софтверското инженерство, архитектура на компјутерски системи, системски апликацации и програми.
  • Детално познавање на office aлатките, особено до европско ниво на писменост (е-citizen) во согласност со законската регулатива во Р. Македонија.

Академска програма

Насока: Софтверско инженерство

Четврта година (специјалистички студии)

Задолжителни предмети

  1. Наука за програмирање
  2. Изборен предмет на ниво на факултет
  3. Напредна организација на база на податоци
  4. Изборен предмет на ниво на универзитет
  5. Современи архитектури на софтверски системи
  6. Автоматски развој на софтвер
  7. Менаџмент на софтверски проекти
  8. Специјалистички труд
  9. Практична работа

 

Листа на изборни предмети

  1. Современи компјутерски архитектури
  2. Бизнис модул 4
  3. Современи оперативни системи
  4. Операциски и проект менаџмент
  5. Обработка на сигнали
  6. Информациски вештини и истражување
  7. Вовед во методологија
  8. Претприемништво

Петта година

Задолжителни предмети

  1. Теорија на пресметување
  2. Изборен предмет на ниво на факултет
  3. Изборен предмет на ниво на факултет
  4. Изборен предмет на ниво на универзитет
  5. Изборен предмет на ниво на факултет
  6. Магистерски труд

Листа на изброрни предмети

  1. Дизајн и анализа на алгоритми
  2. Верификација на софтверски системи
  3. Криптографија
  4. Операциски истражувања
  5. Вовед во менаџмент на човечки ресурси
  6. Дефинирање на софтверските барања
  7. Системи за прибирање информации
  8. Вештачки интелигентни системи
  9. Експлоатација на податоци
  10. Системска анализа, дизајн и имплементација

Листа на слободни изборни предмети на ниво на универзитет

  1. Научно истражување и критичко размислување
  2. Квалитативни истражувања
  3. Деловен англиски јазик