Ректорот на УАКС проф. д-р Марјан Бојаџиев презентираше на „Самит 100“

Ректорот на УАКС, проф. д-р Марјан Бојаџиев, беше учесник на еден од највлијателните самити во регионот, Самит 100 – Бизнис лидери на Југоисточна Европа.

На овогодинешниот самит, учество земаа повеќе од 150 бизнис лидери од југоисточниот регион на Европа, како и бројни министри и претставници од Европската Унија.

Темата на 6-от годишен бизнис самит беше поврзувањето и создавањето врски на разни области и различни сфери во рамки на државите во регионот.

Ректорот Бојаџиев беше главен предавач на панел дискусија на тема ‘Knowledge Based Economy’, и неговата презентација ја следеа 4 премиери од нашите подалечни соседни држави.

 

Similar Posts