Biennale of Architecture Students, BISTA 2023, at the Museum of Contemporary Art in Skopje

At the Biennale of Architecture Students, BISTA 2023, which opened at the Museum of Contemporary Art in Skopje, there was a presentation by the School of Architecture and Design at the University American College Skopje.

I M A G I N E

We would like to see the world differently, we would like to draw it, imagine it differently; as more attractive, more uncertain, calmer, more open, more natural, more honest…
In 10 projects/master’s theses (2020-2023) chosen for this exhibition, we can imagine:

– One collective form that integrates different lifestyles and work activities on the outskirts of Kichevo;
– One matrix of full and empty, of yards and houses, like a horizontal skyscraper in Kumanovo;
– A house and a chapel, as a landscape installation for prayer and solitude on the island of Golem Grad on Lake Prespa;
– A configuration that unites the youngest and the elderly through the transformation of the old wheat mill in Kumanovo;
– An urban village or an urban forest on the abandoned area of the Treska factory, Skopje;
– A boutique hotel in the historical context of Tumbe Cafe in Bitola;
– A cultural center as an example of revitalization of neglected locations in Centar, Skopje;
– A fashion seasonal collection as an example of the creative process of design;
– One center for performing arts as an exciting place of new events in the neighborhood of Karposh 3, Skopje;
– A new use of the abandoned industrial premises of the factory Treska, Skopje.

It is time to imagine another, more beautiful world.

“You can say I’m a dreamer
But I’m not the only one
I hope you will join us one day
And the world will be as one…”

John Lennon “Imagine” 1971

SAD at the University American College Skopje

Dean of the Faculty of Architecture and Design:
• Toni Vasikj PhD

Mentors:
• Victoria Eremeeva, MA
• Violeta Bakalchev, M.Sc
• Toni Vasikj PhD
• Ljupcho Jovanov PhD

Participants:
Alberime Sadiku (2020), Zana Avdiu (2020), Rosica Mrsic (2021), Mihail Servini (2021), Anja Pavlova (2021), Elena Spaseska (2020), Srna Davitkovska (2022), Edona Osmani (2022), Tijana Dodov (2023), Mia Kuzmanoska (2021)

The exhibition will be open until September 28th 2023.

 


 

На Биеналето на студенти по архитектура, БИСТА 2023, кое се отвори во Музејот на современа уметност во Скопје, се претстави и Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитет Американ Колеџ Скопје.

З А М И С Л И

Би сакале да го видиме светот поинаку, би сакале да го нацртаме, да го замислиме поинаку; попривлечно, понеизвесно, помирно, поотворено, поприродно, поискрено…
Во 10 проекти/магистерски трудoви (2020-2023), издвоени за оваа изложба, може да замислиме:

– Една колективна форма која ги интегрира различните животни обрасци и работни активности на работ на Кичево;
– Една матрица на полно и празно, на дворови и куќи, како хоризонтален облакодер во Куманово;
– Една куќа и капела, како пејсажна инсталација за молитва и осама на островот Голем Град на Преспанско езеро;
– Една конфигурација која ги обединува најмладите и постарите лица преку трансформација на стариот житомелски млин во Куманово;
– Едно урбано село или една урбана шума на напуштениот предел на фабриката Треска, Скопје;
– Еден бутик-хотел во историскиот контекст на Тумбе Кафе во Битола;
– Еден културен центар како пример на заживување запуштени локации во Центар, Скопје;
– Една модна сезонска колекција како пример за креативниот процес на дизајнот;
– Еден центар за сценски уметности како возбудливо место на нови настани во населбата Карпош 3, Скопје;
– Една нова употреба на напуштените индустриски простори на фабриката Треска, Скопје.

Време е да замислиме еден друг, поубав свет.

„ Може да речете дека сум сонувач
Но, не сум единствениот
Се надевам дека еден ден ќе ни се придружиш
И светот ќе биде како еден…„
„You may say I’m a dreamer
But I’m not the only one
I hope someday you’ll join us
And the world will be as one…„

John Lennon “Imagine” 1971

ФАД при Универзитет Американ Колеџ Скопје

Декан на Факултет за Архитектура и Дизајн:
• Проф. д-р Тони Васиќ

Ментори:
• Проф. м-р Викторија Еремеева
• Проф. м-р Виолета Бакалчев
• Проф. д-р Тони Васиќ
• Проф. д-р Љупчо Јованов

Учесници:
Албериме Садику (2020), Зана Авдиу (2020), Росица Мршиќ (2021), Михаил Сервини(2021), Ања Павлова (2021), Елена Спасеска (2020), Срна Давитковска (2022), Едона Османи (2022), Тијана Додов (2023), Миа Кузманоска (2021)

Изложбата ќе биде отворена за посета до 28.09.2023.

Similar Posts