Call for the election of the student ombudsman at the University American College Skopje
Врз основа на член 31 став 2 од Законот за високото образование („Сл. весник на РМ” бр. 82/2018, „Сл. весник на РСМ” 178/21 и 58/24) и член 3 од Статутот на Универзитетското студентско собрание, Универзитетското студентско собрание објавува:
КОНКУРС
за избор на студентски правобранител на Универзитет Американ Колеџ Скопје
- Се распишува Конкурс за избор на студентски правобранител на УАКС.
- Кандидатите за студентски правобранител на Универзитет Американ Колеџ Скопје треба да ги исполнуваат следните услови:
- Да е редовен студент на УАКС и
- Да има желба и можности за застапување на студентите и подобрување на студентското искуство.
- Овластувања кои ги има студентскиот правобранител:
- Постапува по поднесок од страна на студент или по сопствена иницијатива доколку увидел дека е повредено право на студент од страна на органите на Универзитетот или друг член на академската заедница на Универзитетот;
- Посредува во спорови помеѓу студентите и органите на Универзитетот, студентите и член на академската заедница на Универзитетот;
- Дава препораки во конкретни случаи со цел разрешување на спорови;
- Презема дејствија за кои е надлежен и по сопствено наоѓање. Ако започне постапка по сопствена иницијатива, потребна е согласност од студентот на кого му се повредени правата;
- Става на јавна дискусија прашањата поврзани со системот на заштита на студентските права и кршењето на студентските права, и заклучоците од тие прашања да ги промовира со цел подобрување на квалитетот на високото образование и заштитата на студентските права;
- Соработува со домашни и странски владини и невладини институции;
- Се состанува со замениците студентски правобранители на Универзитет Американ Колеџ Скопје,
- Врши и други надлежности доделени од Сенатот на Универзитетот или од Универзитетското студентско собрание
При вршењето на својата работа, студентскиот правобранител се води од принципите на непристрасност, недискриминација, доверливост, достапност, одговорност, отчетност и законитост.
Студентскиот правобранител не е овластен да ги застапува студентите пред други државни органи, односно во ниту една ситуација не може да ги штити правата на студентите надвор од академската заедница.
- Обврски на студентскиот правобранител:
- За својата работа студентскиот правобранител поднесува годишен извештај до Сенатот на Универзитетот, најдоцна до 1 март тековната година за претходната година.
- Мандатот на студентски правобранител трае 2 (две) години од денот на изборот или до завршување на студиите.
- Студентскиот правобранител се избира од Универзитетскиот сенат, со мнозинство гласови на членовите на сенатот, на предлог на Универзитетското студентско собрание на претходно објавен конкурс.
- Во прилог со Пријавата, кандидатите треба да достават:
- Потврда за редовен студент,
- Мотивациони писмо со предлог цели за двегодишниот мандат.
Кандидатите за студентски правобранител треба да ги достават потребните документи во рок од 8 (осум) дена од објавување на Конкурсот на веб страната на Универзитетот, сметано од денот на објавувањето.
Документацијата можат да ја достават преку електронска пошта на info@uacs.edu.mk со назначување до Претседателот на Универзитетско собрание, кандидат за студентски правобранител.
Скопје, 3.3.2025 година