Англиски јазик 1а е задолжителен предмет за студентите коишто студираат на македонски јазик и ги запознава со основните вештини коишто се потребни за престој во земја каде што англискиот јазик е прв јазик или јазик за поширока комуникација. Основни карактеристики на овој курс се: разновидни културолошки теми; систематски развој на сите јазични вештини (читање, пишување, слушање) преку реалистични вежби, коишто ќе го поттикнат студентот активно да се вклучи во работата на час; лексички вежби за вежбање и активирање на основниот англиски вокабулар, вклучувајќи и колокации, фразални глаголи, скаменети фрази, предлози и зборообразување; широк опфат на активности за говорење и интонација, анализа на пишувањето, како и вежби на одредени типови на пишување (текст, имеил, лични писма); граматички вежби за основните граматички времиња и конструкции; итн.