Вовед во електронски бизнис

INSTRUCTORS:

Categories

Овој предмет е наменет за изучување на електронската трговија (е-трговија, англ. e-commerce). Предметот има за цел да им помогне на студентите да се здобијат со детално разбирање на клучните прашања и стратегиите поврзани со успешно менаџирање на системите за електронска трговија. Курсот ги покрива следниве области:

  • Бизнис модели и стратегии за Интернет и е-трговија
  • Електронски пазари
  • Инфраструктура на e-бизнис
  • Е-маркетинг
  • Малопродажбата со електронска трговија
  • Електронска Влада
  • Електронско банкарство
  • Иновативни системи за е-трговија
  • Правни и етички прашања е-трговија

Во него нема нема да се дизајнираат веб страници, ниту има потреба од пишување програмски код, или познавање на други прашања од компјутерските науки ( иако е потребно да се знаат основите на Интернет технологијата и нејзината инфраструктура).

Бизнис стратегиите кои во себе вклучуваат Интернет често пати се карактеризираат како електронска трговија. Во овој курс е-трговијата е дефинирана многу пошироко како еден сет на активности кои ги преземаат компаниите за да го овозможат и унапредат продавањето на производи и услуги преку електронски и ИТ технологии. Терминот е-трговија опфаќа широк спектар на деловни активности, вклучувајќи ги и оние кои најчесто се поврзуваат со маркетингот. Затоа, курсот се осврнува на традиционални теми од областа на маркетингот и на прашања поврзани со Интернетот. Ова ќе им помогне на студентите да можат да ја разберат и користат е-трговијата како систем за комуникација внатре во компанијата, како и комуникација помеѓу компанијата и потрошувачите на пазарот. Преку активностите од курсот, ова ќе биде во тесна врска со социјалната и правната околина на е-трговијата. Исто така, етичките и правни димензии на е-трговијата ќе бидат анализирани како многу важни за успешниот развој на претпријатијата во услови на продажба на крајни потрошувачи, а особено во светот на B2B трговијата.

Вовед во Е-бизнис