Вовед во микроекономија

Categories

Курсот започнува со воведување на студентите со економски начин на размислување и дискутирање за основните економски принципи и идеи. Потоа ќе следи воведна анализа на пазарните сили и меѓузависноста на економските агенти преку прикажување на концептите на побарувачката и понудата, како и нивната еластичност. Следствено, моделот за потрошувачкиот и производниот вишок ќе биде објаснет со цел да се разберат основите на пазарната рамнотежа и ефикасност, со кратко разгледување на основните принципи во економијата на јавниот сектор. Teоријата на однесување на фирмите како и различните трошоци за производство ќе бидат детално изучувани со фокус на одделните пазарни структури: совршена конкуренција, монопол, олигопол, монополистичка конкуренција. Понатаму ќе бидат разгледани пазарите на труд и факторите на производство, како и теоријата на изборот на потрошувачот.

Вовед во микроекономија