Categories
Овој курс е воведен и предавањата покриваат изучување на основите на Граѓанското право како општ дел и стварното право како посебен дел и е со цел да се изучи системот на граѓанското право во Република Македонија и правата врз стварите кои претставуваат numerus clausus во тој систем. По завршување на курсот студентите ќе бидат во состојба да го запознаваат системот на граѓанското право во Република Македонија, Продлабочено да го изучуваат граѓанското право во наредните семестри, да дадат основна правна помош по однос на стварното право. Со завршување на правните студии да можат самостојно да составуваат тужби и други правни акти кои се однесуваат на стварното право.