Казнено процесно право

Categories

Предавањата овозможуваат студентите да се стекнат со неопходни познавања за двата модели на казнена постапка во светот: акузаторниот (или странечки) модел и (инквизиторниот или) континентален модел на казнена постапка. Во рамките на предавањата се разгледуваат: историскиот развиток на казнената постапка во светот, изворите на правото, субјектите на казнената постапка и нивните права и обврски, главните начела и објектите на казнената постапка, како и за различните видови судски одлуки и докази во доказната постапка пред судот. Воедно, во текот на курсот ќе се посочат и прикажат новите тенденции на меѓународен план на полето на казненото процесно прво и нужната потребата од усогласување на нашето казнено процесно право со меѓународно прифатните стандарди и погледи во современото казнено процесно право.

Казнено процесно право