Categories
Меѓународно приватно право опфаќа изучување на поимите, институтитите и односите во доменот на меѓународното приватно право како и генезата на меѓународното приватно право. Посебен акцент ќе биде ставен на дефинирање на изворите на меѓународното приватно право – меѓународните и внатрешните – како и нивното меѓусебно рангирање; начинот и условите за стекнување и престанување на државјанството на Република Македонија; правната положба на странците- достапноста на граѓанските субјективни права за странските субјекти и условите за таквата достапност; основите на судирот на законите; основите на меѓународната трговска арбитража; меѓународната судска надлежност, процесната положба на странците; легализација на странските јавни исправи; меѓународната правна помош и признавање и извршување на странските јавни исправи.