Право на друштвата

Categories

 

Правото на друштвата е дел од трговското право коешто по својата содржина и обележја се издвојува во посебна наставна дисциплина, добивајќи и свое посебно име – право на друштвата.

Оваа наставна дисциплина ги опфаќа приватноправните здружувања, почнувајќи од ортаклакот (како друштво од граѓанското право), јавното трговско друштво, командитното друштво, тајното друштво, друштвото со ограничена одговорност, акционерското друштво, командитното друштво со акции, стопанската интересна заедница.

Имајќи го предвид напреднаведеното, не треба посебно да се нагласува дека во фокусот ќе биде поединечното проучување на споменатите форми на трговски друштва со сите нивни поединости, карактеристики и специфики, тргнувајќи од нивното основање, функционирање, управување, правно и економско егзистирање итн. Во рамки на курсот, ќе бидат опфатени и определени прашања околу поврзувањето на трговските друштва, како и статусните промени на друштвата. Ќе биде обработена и преобразбата на трговските друштва од една во друга форма.

Право на друштвата