Categories
Семејното и наследното право се две правни дисциплини кои се меѓусебно поврзани и испреплетени, при што тенденциите одат во насока на нивно изучување како еден наставен предмет на правните студии. Ваквите тенденции се прифатени и на нашиот Факултет за правни науки. Оттука, ќе започнеме со семејното право, кое ги опфаќа брачното право или поточно односите кои настануваат меѓу брачните другари кои настануваат со склучувањето на бракот, содржината на тие односи, како и престанокот на бракот. Воедно, предмет на изучување на семејното право е и родителското право, односно односите кои настануваат меѓу родителите и децата, како и проблематиката на посвојувањето. Старателството е уште еден институт од доменот на семејното право чија цел е обезбедување на заштита на малолетни лица без родителска грижа, како и на полнолетни лица кои не се способни да се грижат за себе. Исто така, предмет на изучување ќе биде и издржувањето во семејството, како израз на солидарноста меѓу неговите членови, како и одредени аспекти на имотните односи во бракот и вонбрачната заедница.