INSTRUCTORS:
Ljupcho Jovanov, PhD
Assistant professorЦелта на овој предмет, е запознавање на студентите со теоријата и развојот на архитектурата, уметноста и дизајнот во периодот од појавата на класицизмот , до крајот на Втората светска војна, преку детален увид во спецификите и реализациите од раличен вид. Преку претставување на процесите на индустријализација, начините на разбирање на градот, архитектурата и уметноста, се врши запознавање на студентите со сите релевантни фактори кои подоцна влијаат врз профилацијата на движењата и стиловите на дваесетиот век.