Categories
Трудовото право е научна дисциплина чиј предмет на проучување е трудот и комплексот норми со коишто се регулираат работните односи.
Во рамки на курсот ќе бидат обработени сите институти од доменот на работните односи, определени со Законот за работни односи. Во прв ред, овде се мисли на засновањето на работниот однос, правата од работен однос, престанокот на работниот однос, заштитата на правата од работниот однос, како и одговорноста на работниците од заснованиот работен однос. Воедно, ќе бидат разгледани и прашањата поврзани со невработеноста, како и системот на заштита и надзор на правата од работниот однос. Исто така, ќе бидат обработени и некои основни прашања од доменот на социјалното осигурување.