Финансиско сметководство

INSTRUCTORS:

Categories

Предметот финансиско сметководство претставува воведување во концептите и употребата на финансиските информации во деловното окружување и во економскиот процес на донесување одлуки. Главниот акцент е ставен на подготовката, анализата и употребата на финансиски извештаи за носење деловни одлуки. Студентите ќе се запознаат со интерпретацијата и употребата на финансиски податоци од финансиските извештаи, како и со основите на мерење и обврската за објавување на финансиските податоци. При тоа, ќе се обрне посебно внимание на: сметководството како иформативен систем, мерењето и известувањето од оперативен циклус, мерењето и известувањето за долгорочни средства и долгорочни обврски и проширено презентирање и анализа на сметководствените информации.

Финансиско сметководство