КОИ СМЕ НИЕ

Факултетот за архитектура и дизајн (ФАД) на Универзитет Американ Колеџ Скопје е водечки факултет во нашата држава од областа на архитектурата, внатрешната архитектура, како и дизајнот. Со амбициозна и висококвалитетна настава, Факултетот има за цел да изгради професионалци способни да се соочат со предизвиците на архитектурата како исклучителен фактор во општеството и животот на човекот.

Посветен на врвна едукација на студентите, како и на негување високи естетски и општествени вредности, Факултетот за архитектура и дизајн се гордее со студентите, нивните успешни кариери и нивните дела.

 

КОИ СЕ НАШИТЕ ВРЕДНОСТИ

Студирањето архитектура и дизајн се смета за култен академски жанр, затоа што во себе содржи многу области, од уметност и култура, до математика и филозофија. Затоа, архитектурата е интересна и полна со предизвици.

Архитектонскиот простор не е само физички, туку и социјален, културен, но и уметнички. Кога се размислува за конструкцијата на зградата како безбедносен систем, се размислува и за ликовните компоненти на просторот, се размислува и за здрави материјали, како и за здрава и инспиративна средина. И секако, околината на архитектот е полна со предмети, луѓе, звуци, во една необична и несекојдневна атмосфера.

УАКС ФАД е базиран на англосаксонскиот модел, што значи проектантска насоченост. За разлика од тоа, другите факултети во земјата и регионот се базирани на германската архитектонска школа, која во основа има конструктивна насоченост.

 

НАШИОТ КАДАР

Академскиот кадар на ФАД при УАКС е балансирана комбинација на теориско и практично знаење, претставено преку истакнати професори, искусни архитекти и вешти проектанти.

Наставниците се врвни професионалци и истакнати архитекти кои континуирано го унапредуваат наставниот процес од теоретски и практичен аспект. Сите наставници и соработници се всушност ментори кои ги водат студентите низ образовниот процес. Нашите предавачи имаат уникатна комбинација на теоретско знаење, информации и референци, но и вистински архитектонски вештини.

 

НАШАТА ПРОГРАМА

Наставната програма ги подготвува студентите за нивна водечка улога во професијата која е во подем, особено во последната декада. Школата е структурирана во насоките архитектура, внатрешна архитектура и дизајн.

Програмата е дизајнирана за методолошко и практично едуцирање на студентите и нивно воведување во различни области. Во текот на предавањата, вежбите и другите едукативни содржини и уметности, се оформува интегралната слика за поимите архитектура и дизајн. Оттука, предметите опфаќаат области од архитектонското проектирање, проектирање ентериери, дизајн, уметничко изразување, теорија и историја на архитектурата, уметноста и дизајнот, графички комуникации, материјализација на просторот и заштита на животната средина.

Покрај задолжителните, во програмата се предвидени и голем број на изборни предмети, со кои се продлабочуваат знаењата во одредени специјализирани подрачја и сегменти на архитектурата, дизајнот и уметноста. Кон поуспешно совладување на студиската програма и воведување на студентите во нивната идна професионална работа, предвидена е и практична работа.

 

АКАДЕМСКИ КАДАР

  1. Проф. д-р Мишко Ралев – Оснoвач на ФАД, претседател на ААМ 2020-2023, член на Националната комисија на УНЕСКО, член на УО на АПП
  2. Проф. д-р Тони Васиќ – Академски графичар, награда за цртеж од меѓународна жири комисија на Остен 2022, авторска изложба во Париз, Франција 2021
  3. Проф. д-р Владимир Ладински – Главен архитект во Design Services, Gateshead Council, Велика Британија
  4. Проф. м-р Виолета Бакалчев – добитник на Големата годишна награда на ААМ за 2005, добитник на Специјални награди на 15 и 17-ти БИМАС на ААМ
  5. Вон. проф. д-р Љупчо Јованов – Архитект, сценограф, костимограф, дизајнер и писател
  6. Доц. д-р Инџи Деребеј – Индустриски дизајнер, Middle East Technical University (METU) Ankara алумна
  7. М-р Владимир Десков – Архитектонски факултет Загреб, Универзитет во Загреб, Хрватска алумнус, изложба „Toward a Concrete Utopia: Architecture in Yugoslavia, 1948–1980”, МоМА, Њујорк, САД, раководител на Летната школа за архитектура и дизајн (2014-2017), награда за архитектура „ПОРТА 3“ за 2019
  8. М-р Нина Карангелеска Тодоровска – Претседател на комисија за доделување на Големата годишна награда на ААМ за 2021, прва награда за „Идејно решение за управна (општинска) зграда на Општина Аеродром, Скопје“, 2021
  9. М-р Мартин Деловски – Член на Управен одбор на ААМ 2022-2023
  10. М-р Ана Велинова – Архитектонски факултет Загреб, Универзитет во Загреб, Хрватска, алумна
  11. М-р Павел Вељаноски – Архитектонско студио “k87a“, Скопје
  12. М-р Паолина Милушева – Прворангиран проект за идејно урбанистичко и архитектонско решение за локалитетот Треска во Скопје 2021, тутор на Интернационална летна школа, Phoenix, Винтертур, Швајцарија 2019
  13. М-р Максим Наумовски – Архитектонско студио “k87a“, Скопје, гостин критичар на Техничкиот Универзитет во Виена, Австрија, раководител на Летната школа за архитектура и дизајн 2018-2022
  14. Иван Николовски – II награда на конкурс за архитектонско и хортикултурно решение за отворена летна сцена со парк, Скопје
  15. Д-р Јордан Шишовски – Ко-куратор на павиљонот на РСМ на Венецијанското Биенале за архитектура 2020
  16. Доц. д-р Сашо Блажевски – член на Друштво на филмски работници на Македонија
  17. М-р Бранислава Ѓорѓевиќ – “Инженерски прстен” на Архитектонскиот факултет во Скопје за 2006/2007, БИМАС 2014

 

ЕКСПЕРТИ ОД ПРАКСА

  1. Проф. м-р Викторија Еремеева – Ко-основач на ФАД, прв декан и прва жена декан на архитектонски факултети, консултант на просторен план на Македонија 2023
  2. М-р Влатко Коцевски – Проектантско биро „Статика“, Скопје, Fakultet za gradbenistvo in geodezijo, Slovenia алумнус
  3. М-р Невена Георгиевска – Факултет за архитектура, Универзитет Сапиенца, Рим, Италија алумна
  4. Д-р Иван Мирковски – Технолошки Универзитет во Виена, Австрија алумнус, проектантско биро Суперблок Скопје и Смартливинг Скопје
  5. Д-р Ермис Лафазановски – филолог, антрополог, писател, член на Academia Balkanica Europeana
  6. Д-р Дита Старова Ќерими – Академски сликар, директор на НУ Национална Галерија на Македонија
  7. М-р Фетах Фетаху – проектантско биро Б2А
  8. Д-р Борис Илиев – инженер по дизајн на мебел, Универзитет во Загреб, Хрватска алумнус, предавач на Школа за мода и дизајн Callegari, Загреб, Хрватска

 

ВИЗИТИНГ ПРОФЕСОР

  1. Д-р Харалд Трап – Технолошки Универзитет во Виена, Австрија, Ко-куратор на австрискиот павиљон на архитектонското биенале во Венеција 2023

 

НАШАТА ФИЛОЗОФИЈА

Факултетот за архитектура и дизајн на УАКС е посветен на истражување на индивидуалните знаења и вештини кај студентите и нивно надградување, со цел да се овозможи секој студент да го оствари својот потенцијал и да го постигне својот максимум. Токму затоа, на ФАД предавањата и вежбите претставуваат сериозна интеракција и дискусија меѓу студентите и професорите, а искуството од таа размена е незаменливо. ФАД има над 25 наставници, соработници и експерти од пракса. Тие се посветени на постојана работа со своите студенти, преку вежби кои се одвиваат во групи од 10-15 студенти. Тоа значи дека секој студент добива посебно внимание од страна на наставниците, со цел да го развива својот талент и да ги надгради своите способности.

ФАД е единствен факултет во државата каде што на крајот од академската година се одржува годишна изложба. На неа се претставуваат најзначајните студентски достигнувања како резултат на реализацијата на наставната програма од тековната година. Оваа изложба е важна размена на искуства за студентите, а претставува и можност за нивна промоција и пред истакнати архитекти од земјата, како и пред целокупната јавност.

 

ДЕЛОВЕН СОВЕТ НА УАКС

Соработката со Деловниот совет на УАКС е клучен фактор за развојот на високопрофесионален кадар за реалните животни услови. Деловниот совет на УАКС е составен од над 150 водечки компании и организации од различни професионални сфери, меѓу другото и голем број архитектонски и проектантски студија, градежни компании, дизајн студија и институции посветени на културното наследство. Имајќи за цел усогласување на наставните програми со современите процеси и политики, Деловниот совет на УАКС е дополнителна можност за развој на кариерата на студентите од ФАД.

 

ОДГОВОРНОСТ КОН ЗАЕДНИЦАТА

Нашите програми се еднакво посветени и на негување социјална одговорност кај студентите, едуцирајќи ги да ја почитувааат заедницата во која живеат и да се однесувааат како одговорни членови на општеството. Имајќи го ова предвид, УАКС организира разновидни социјално одговорни настани и прoeкти, во кои студентите земаат активно учество.

 

СТРУЧНО И НАУЧНО ЗВАЊЕ ПО ДИПЛОМИРАЊЕ

По дипломирањето на Факултетот за архитектура и дизајн, согласно решенијата за акредитација на студентски програми, студентите се стекнуваат со едно од следните звања:

  • Дипломиран дизајнер (ЕКТС180)

 

ОЧЕКУВАНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ ПО ДИПЛОМИРАЊЕ

 

Дизајн

  • Студентите кои ќе ја изберат оваа насока се стекнуваат со знаења и вештини во областа на дизајнот.

 

ДОДИПЛОМСКИ СТУДИИ

 

ДИЗАЈН

 

1 година
Предмети:ЕКТС
1Дизајн 16
2Компјутерска графика 14
3Визуелно изразување 16
4Нацртна геометрија и перспектива6
5Теорија на форма4
6Дизајн 26
7Компјутерска графика 24
8Визуелно изразување 26
9Теорија и историја на архитектура, уметност и дизајн 14
10Техники на визуелно изразување 16
11Изборен предмет4
12Изборен предмет4
Вкупно ЕКТС60

 

1 година
Изборни предмети, 2 од следните:
Вовед во менаџмент4
Англиски јазик за посебни цели4
Сликање и пластично обликување4
Сликање и сликарски техники4

 

2 година
Предмети:ЕКТС
1Дизајн 36
2Теорија и историја на архитектура, уметност и дизајн 24
3Компјутерска графика 36
4Композиција и фотографија4
5Индустриски дизајн 16
6Дизајн 46
7Индустриски дизајн 26
8Материјализација на архитектонски простор4
9Студио дизајн 16
10Теорија и историја на архитектура, уметност и дизајн 34
11Изборен предмет4
12Изборен предмет4
Вкупно ЕКТС60

 

2 година
Изборни предмети, 2 од следните:
Техники на визуелно изразување 24
Дизајн на мебел 14
Дизајн на мебел 24
Графика и техники4

 

3 година
Предмети:ЕКТС
1Дизајн 56
2Веб дизајн6
3Студио дизајн 26
4Дигитална креативност и продукција4
5Дизајн на публикации6
6Дизајн 66
7Портфолио дизајн4
8Графика и анимација6
9Архитектура на сценски простор6
10Изборен предмет4
11Пракса / Летна школа2
12Дипломска работа4
Вкупно ЕКТС60

 

3 година
Изборни предмети, 1 од следните:
Костимографија4
Јавен простор4

 

*Универзитет Американ Колеџ Скопје го задржува правото да ја измени наставната програма.

©2024 UACS, All Rights Reserved

Follow us   

main slot gacor slot gacor 2024 daftar slot gacor slot gacor live draw hk slot gacor slot gacor gampang menang
Slot Dana Bobabet Slot Demo