IN MEMORIAM: д-р Богољуб Јанкоски

Д-р Богољуб Јанкоски, професор – соработник на Универзитетот Американ Колеџ Скопје (УАКС) почина на 15 август 2020 година, во Скопје.

Богољуб Јанкоски докторира во областа на економските науки на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Претходно тој магистрира во областа на монетарна економија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Во 1999 година започна да работи во Народна банка на Република Македонија, каде од април 2001 година работеше на позиција шеф на Кабинетот на гувернерот.

На Универзитетот Американ Колеџ Скопје започна да предава во 2007 година. Предаваше по група предмети од областа финансии: Анализа на финансиските извештаи, Монетарна економија и Економија на ЕУ на Факултетот за деловна економија и организациони науки. Во периодот од 2014 до 2019 година, Богољуб беше избран во наставно-научно звање вонреден професор по група предмети од областа на финансии.

Богољуб Јанкоски беше посветен професор, кој благодарение на своето долгогодишно работно искуство успеа на студентите да им пренесе врвно знаење. Неговите колеги и студенти од УАКС ќе го паметат по позитивниот дух и професионалноста.

Искажуваме сочувство на неговото семејство.

* * *

Отворена е книга на жалост и сеќавање, која може да се потпише електронски, со испраќање на порака на provost.office@uacs.edu.mk.

Комеморативната седница на ННС на Факултетот за деловна економија и организациони науки при УАКС ќе се одржи онлајн, во среда, 19 август 2020 година, со почеток во 13 часот. Ги покануваме сите заинтересирани на следниот линк.

 

Similar Posts