Interiew with UACS Alumni President Irena Nikolovska, MBA – Executive Director and Founder of IRIS Consulting

Станавте дел од алумни на УАКС со стекнувањето на MBA диплома. Какви се Вашите впечатоци од MBA програмата на УАКС?

Повеќе од 22 години работам како консултант, со специјализација во областа на даноците, финансиите и сметководството. МБА студиите на УАКС ги започнав за да си го проширам знаењето за други свери на бизнисот. Тоа и се случи, но и ми се смени мојата бизнис перцепција т.е. престанав да размислувам како „вработена“ за друг, туку почнав да размислувам како „претприемач“. Тоа е сосема различен mindset. Така ми се роди идеја да започнам сопствен бизнис и ја основав фирмата ИРИС Консалтинг.

Силно ги препорачувам МБА студиите на УАКС, зашто за мене претставуваа исклучително корисно искуство, не само поради богатата и современа наставна програма, туку и заради модерниот систем на учење и истражување, искусните и интересни професори и можноста за дружење и networking.

Со што се занимава Вашата фирма ИРИС Консалтинг и какви се Вашите ангажмани?

ИРИС Консалтинг е друштво за независно истражување и иновативни решенија, всушност, “ИРИС” е кратенка од англискиот назив „Independent Research & Innovative Solutions“. Тоа е фирма, генерално, за обезбедување на услуги на бизнис консалтинг и истражување, а јас преку мојата фирма или индивидуално, работам како консултант на разни проекти и за разни клиенти, во областа на даноците и парафискалните давачки, одржливиот развој (Tax for Sustainable Development Goals-SDGs), финансирањето на зелена енергија и бизнис планирањето и стратегија. Паралелно на тоа, веќе две години развивам e-learning дигитална платформа за бизнис едукација, на која сум многу посветена како на свое „чедо“ и се надевам дека следната година ќе успеам да ја финализирам и лансирам.

Би сакале да Ви честитаме за изборот за нов Претседател на одборот на алумни асоцијацијата на УАКС и да Ви посакаме успешна реализација на сите планови на асоцијацијата. Ви благодарам, ми претставува особено задоволство што сум дел од алумни на УАКС и почестена сум од изборот на оваа функција.Која е Вашата визија за ревитализацијата на алумни асоцијацијата на УАКС?Во јули оваа година, заедно со новите членови на одборот на алумни асоцијацијата на УАКС, започнавме активности во насока на ревитализирање на алумни асоцијацијата, чие дејствување беше забавено од очигледните пречки наметнати од вонредните пандемиски околности.Главната цел е да се создаде платформа за (B2B и B2C) соработка и вмрежување (networking), преку која ќе ја споделуваме нашата експертиза, ќе бидеме ментори на следните генерации и ќе создаваме можности за професионален раст и развој.Преку заживување на нашата алумни асоцијација, можеме да го премостиме јазот помеѓу минатото и сегашноста, обединувајќи ги алумни од различни временски периоди и со различен бекгроунд. Така, ќе ги поврземе нашите колективни знаења, искуства и ресурси во општа корист: и за членовите на алумни заедницата и за УАКС.

За крај, која е Вашата препорака на оние кои размислуваат дали да го изберат УАКС?

Доколку сакаат да бидат дел од современа и динамична едукативна средина, каде учењето и истражувањето е континуирана и мотивирачка надградба, која ги отвара хоризонтите и нуди безброј деловни опции, како и можност за меѓународна кариера – треба да го изберат УАКС.Лично за мене студирањето на УАКС беше инспиративно искуство, кое ја создаде подлогата да се стремам кон реализирање на изреката на Абрахам Линколн – „Најдобар начин да ја предвидите иднината е да ја создадете!“ И за крај, би им порачала на студентите, секогаш кога ќе се соочат со било каков предизвик и препрека, да не се откажуваат, да бидат упорни и истрајни и да се сетат на она што го кажува мојот омилен бизнисмен Ричард Бренсон “Не заборавајте да се забавувате!”.

Similar Posts