
ФАКУЛТЕТОТ ЗА ПРАВНИ НАУКИ
Постдипломски студии – Правосудна насока
Факултетот за правни науки на УАКС нуди две насоки:
- Правосудна насока
- Деловно право
Единствено во Македонија – насоката „Деловно право” е акредитирана и од Советот за акредитација на бизнис факултети и програми од САД (Accreditation Council for Business Schools and Programs – ACBSP
- Вон.проф. д-р Зоран Михајлоски е редовен предавач во Академијата за судии и јавни обвинители на Р.Македонија.
- Вон. проф. д-р Марко Андонов е координатор на модулот по Трговско право при Академијата за судии и јавни обвинители на Р. Македонија.
- Вон.проф. д-р Кимо Чавдар е редовен говорник на Годишните собранија на Здружението на правници на Р. Македонија.
- Проф.д-р Зоран Шапуриќ е редовен професор по предметите Вовед во право на ЕУ и Структури и институции на ЕУ. Претходно работно искуство: Министер за животна средина и просторно планирање во Владата на Р. Македонија.
- Вон. проф.д-р Душко Стојановски е експерт во следните области: кривично право, меѓународно кривично право, криминологија, криминалистика, воени злосторства и заштита на човекови права, тероризам и човекови права, конфликт менаџмент. Претходно работно искуство: Mинистерство за внатрешни работи на Република Македонија.
- Проф. Елена Бундалеска е експерт во следните области: облигационо право, деловно/трговско право, бизнис етика и корпоративно управување. Претходно работно искуство: помошник раководител на сектор за правни работи во Стопанска банка АД Скопје.
- Проф. Јадранка Мршиќ е експерт во следнитe области: финансиски пазари и институции, анализа на финансиски извештаи и сметководство. Претходно работно искуство: Генерален директор на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, Македонска берза, Комерцијална банка АД Скопје.
Теоретска основа + Практична надградба Правото е наука која што бара исклучително добра
теоретска основа, но практичната примена која што ги надополнува предавањата е од уште поголемо значење за студентите. Студентите се стекнуваат со знаење преку:
- Студии на случај
- Толкување улоги
- Симулација на судење
- Знаењето на студентите го надополнуваат истражувањата, проектите, есеите и презентациите, кои што тие ги изработуваат во соработка со наставниците. На тој начин, студентите се подготвуваат за писмена и усна елаборација на различни тематски проблеми.