Open Positions at Narodna Banka

Почитувани,

Ве известуваме дека денеска (14 октомври 2024 година – понеделник), во дневните весници „Слободен печат“ и „Коха“ објавен е јавен оглас за вработување на четири (6) извршители, и тоа:

1Пет (5) извршители на определено време во траење од 1 година од кои:

– 1 извршител на работното место  „помлад организатор“ во Отсекот за подготовка и спроведување на постапките за јавни набавки во Дирекцијата за јавни набавки;
– 1 извршител на работното место „помлад статистичар почетен II степен“ во Отсекот за изготвување и објавување екстерни статистики во Дирекцијата за статистика;
– 1 извршител на работното место „помлад статистичар почетен I степен“ во Отсекот за изготвување и објавување екстерни статистики во Дирекцијата за статистика;
– 1 извршител на работното место „помлад аналитичар почетен II степен“  во Отсекот за движења во реалниот сектор во Дирекцијата за монетарна политика и истражување и
– 1 извршител на работното место „помлад аналитичар почетен I степен“ во Отсекот за движења во реалниот сектор во Дирекцијата за монетарна политика и истражување.

1.2.Еден (1) извршител на неопределено време на работното место „помлад аналитичар почетен II степен“ во Отсекот за заднински операции во Дирекцијата за платни системи.

Огласот ќе трае до 24 октомври 2024 година.

Similar Posts