Psych Lab при УАКС организира онлајн работилница на тема “Не знаеш од каде да почнеш? Прашај психолог!”

Psych Lab при УАКС организира онлајн работилница на тема “Не знаеш од каде да почнеш? Прашај психолог!”

Тимот на Psych Lab заедно со Разговор.мк организира онлајн настан за студенти чија тема е нормализирање на психотерапијата и посетата на психолог. 

Целта на овoj информативен вебинар е подигање на свеста на јавното мислење и разбивање на стигмата за посета на психолог и психотерапија.

Кога? – 24.11.2021 (среда)

Место? – Онлајн (Webex)

Време? – 18:30ч

Секојдневно се соочуваме со проблеми со кои полесно би можеле да се справиме доколку ги споделиме и добиеме стручен совет од лиценцирано лице. За таа цел, на овој вебинар ќе дознаете повеќе информации за Разговор.мк – онлајн платформа која овозможува брз, едноставен и анонимен пристап до професионални психолози и психотерапевти по пристапни цени.

Специјален гостин на овој вебинар ќе биде Розалија Секулоска, м-р по развојна психологија, дел од тимот на разговор.мк.

Информативниот вебинар ќе се одржи онлајн на македонски јазик. За сите присутни на вебинарот спремно е изненадување!

*Задолжително пријавување на следниот линк: https://bit.ly/2Z0IRyQ

Линкот за вклучување на настанот ќе ви биде испратен по мејл; проверете го и спам сандачето.

Доколку имате прашања исконтактирајте не’ на psychlab@uacs.edu.mk или во инбокс на инстаграм @psychlab_uacs