|

„SHARE” – вмрежена архитектонска интернационална платформа

На 19.02.2019 во Малата сала на Македонската филхармонија во Скопје по втор пат се одржа настанот „SHARE” – вмрежената архитектонска интернационална платформа на која се претставуваат значајни проектантски бироа и поединечни архитекти од повеќе европски земји, преку своите асоцијации и комори. Оваа година Асоцијацијата на архитекти на Македонија пречека архитекти од В.Британија, Шпанија, Холандија, , Турција, Словенија, Бугарија, Косово.

Во организацијата на настанот учествуваше и Факултетот за архитектура и дизајн на Универзитетот Американ Колеџ Скопје со своите студенти и асистенти кои волонтирајќи овозможија настанот да протече во најдобар ред. Од страна на организаторот со пригоден говор присутните гости и учесници ги поздрави и настанот го отвори деканот на факултетот, проф.д-р Мишко Ралев. На оваа манифестација како гостин презентер се појави архитектот Бекир Адеми како претставник на архитектонското биро „БИНА“ од Скопје, кој е воедно и предавач на Високата меѓународна школа за архитектура и дизајн на УАКС.

Similar Posts