Vox Organizationis – првиот патент од областа на општествени науки во Македонија
Во просториите на Универзитет Американ Колеџ Скопје (УАКС), се одржа промоција на првиот патент од областа на општествени науки во Република Северна Македонија – Vox Organizationis и презентација на моделот за мерење организациска култура, лидерски стил и организациска усогласеност.
Vox Organizationis претставува посебен придонес кон науката за менаџментот и поттикнува нови дефиници на лидерство, организациска култура и организациска усогласеност.
Овој модел е резултат на долготрајна научна работа. Покрај професор Марјан И. Бојаџиев како носител на моделот, во тимот се вклучени и професорките Ана Томовска Мисоска и Миодрага Стефановска Петковска. Досега се објавени повеќе од 20 научни и стручни трудови, од кои првиот труд е објавен во 2011 година, а круна на истражувачката работа на тимот е добивањето Патент за Vox Organizationis.
Промоцијата беше отворена за јавноста и присутните имаа можност да бидат дел од пробното мерење на VOX инструментот на самиот настан.