На 21 ноември 2017 година, студентите од трета година додипломски студии на катедрата по психологија при УАКС, имаа можност да слушаат предавање на тема: „Примена на психолошки тестови во организација“ во рамки на предметот психолошки тестови и мерки. Гостин-предавач на оваа тема беше г-ѓа Тања Јакимовска, која има повеќе од 10-годишно работно искуство како организациски психолог во најголемата компанија за информациска технологија во Македонија, Сеавус (Seavus).
Во текот на предавањето, студентите се запознаа со практичната примена на психолошките тестови и мерки во бизнис окружувањето, во делот на регрутација и селекција на кандидати, во процесот на промовирање на веќе вработените лица во компанијата, во делот на тренинг и кариерен развој, како и во делот на развој на тимови во организацијата.