Почитувани,
Ве информираме дека Институт КОНЦЕПТ во соработка со Универзитет Американ Колеџ Скопје организираат еднодневна симулација „Искачете го Монт Еверест преку симулацијата на Харвард бизнис факултетот“ (обука за лидерство, донесување одлуки и градење тимови – на Харвард начин!).
Смимулацијата ќе се одржи на 2 март 2017 година (четврток), од 09:00 до 16:00 часот во просториите на Институт КОНЦЕПТ.
Предавачи:
Проф. д-р Марјан И. Бојаџиев е ректор на Универзитет Американ Колеџ Скопје од 2010 година. Тој е претприемач, визионер и лидер, член на преку 20 меѓународни професионални органзации и професор по ‘Oрганизациско однесување’, ‘Лидерство’, ‘Продажен менаџмент’ и ‘Меѓународен бизнис’.
М-р Македонка Димитрова има преку 19 години работно искуство, од кои 10 на раководни позиции во меѓународни компании и организации, НВО и високо образование. Таа е асистент по предмети од област на менаџмент и директор на Институтот за претприемништво и лидерски развој на УАКС.
Пријавете се и бидете дел од една од најдобрите бизнис симулации во светот!
За сите дополнителни информации, Ве молиме посетете го следниот линк.