Почитувани,
Универзитет Американ Колеџ Скопје во соработка со Универзитетот Констанц, Германија спроведува истражување за коронавирусот.
Учеството во оваа студија е доброволно. Заинтересирани сме да откриеме какви се Вашите чувства и однесувања во врска со коронавирусот и останатите болести. Во прашалникот терминот коронавирус се однесува само на новиот КОВИД-19, а не на останатите вируси од групата на коронавируси.
Вашите одговори и податоци се анонимни и доверливи и ќе се користат само за истражувачки цели. Можете да го прекинете истражувањето во кое било време и без никави последици. Пополнете го прашалникот доколку сте на возраст од 18 години или повеќе.
Во прилог е линкот до електронската верзија на прашалникот за коронавирусот:
https://cutt.ly/euclid-macedonian
Ви благодариме однапаред за Вашето учество и соработка.
Срдечно,
Истражувачки тим, Универзитет Американ Колеџ Скопје