Цементарница УСЈЕ во склоп на Групацијата ТИТАН го потпиша Пактот за поддршка на младите на Европската унија (“Pact for Youth”), за зајакнување на партнерството помеѓу компаниите и образованието, а во насока на зголемување на можностите за вработување на младите талентирани луѓе.
Како дел од Програмата за поттикнување на вработување и развој на млади таленти, Цементарница УСЈЕ објавува
КОНКУРС
ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ЦЕЛОСНИ СТИПЕНДИИ ЗА ПОСТДИПЛОМСКИ СТУДИИ
на Факултетот за деловна економија и организациски науки,
Универзитет Американ Колеџ Скопје
**1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
Цементарница УСЈЕ АД Скопје e oпштествено одговорна компанија, која меѓу другото, придонесува кон развој на човечкиот капитал и потенцијал во Република Македонија. За таа цел, Цементарница УСЈЕ АД Скопје во соработка со Универзитет Американ Колеџ Скопје (УАКС) за академската 2019/2020 година доделува целосни стипендии за постдипломски студии на Факултетот за деловна економија и организациони науки.
2. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА
Право на стипендија имаат сите кандидати кои ги исполнуваат следните услови:
- Да се државјани на Република Македонија;
- Да имаат просек од минимум 8 во текот на додипломските студии;
- Одлично познавање англиски јазик;
- Висока мотивација и интерес за постдипломски студии.
Потребни документи за конкурсот:
1. Копија од потврда за државјанство;
2. Копија од уверение / диплома за завршени додипломски студии и просек;
3. Потврда за одлично познавање на англиски јазик;
4. Две препораки;
5. Мотивациско писмо и биографија.
3. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Кандидатите кои се пријавуваат на конкурсот треба да пополнат пријава која е објавена на веб страната www.usje.com.mk на Цементарница УСЈЕ и да ги прикачат потребните документи почнувајќи од 02.10.2019 година до 25.10.2019 година.
4. Селекција
Селекцијата и рангирањето ќе бидат направени од страна на Цементарница УСЈЕ АД Скопје и Универзитетот Американ Колеџ Скопје. Само избраните кандидати за интервју ќе бидат контактирани.
*Цементарница УСЈЕ обезбедува еднакви можности и позитивно ги поттикнува соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, возраст, хендикеп, сексуална ориентација, религија или убедување.