Цементарница УСЈЕ во склоп на Групацијата ТИТАН го потпиша Пактот за поддршка на младите на Европската унија (“Pact for Youth”), за зајакнување на партнерството помеѓу компаниите и образованието, а во насока на зголемување на можностите за вработување на младите талентирани луѓе. Како дел од Програмата за поттикнување на вработување и развој на млади таленти, Цементарница УСЈЕ објавува
КОНКУРС****ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ЦЕЛОСНИ СТИПЕНДИИ ЗА ПОСТДИПЛОМСКИ СТУДИИна *Факултетот за деловна економија и организациски науки,*Универзитет Американ Колеџ Скопје
1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИЦементарница УСЈЕ АД Скопје e oпштествено одговорна компанија, која меѓу другото, придонесува кон развој на човечкиот капитал и потенцијал во Република Македонија. За таа цел, Цементарница УСЈЕ АД Скопје во соработка со Универзитет Американ Колеџ Скопје (УАКС) за академската 2020 /2021 година доделува целосни стипендии за постдипломски студии на Факултетот за деловна економија и организациони науки.
2. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈАПраво на стипендија имаат сите кандидати кои ги исполнуваат следните услови: 1. Да се државјани на Република Македонија; 2. Да имаат просек од минимум 8 во текот на додипломските студии; 3. Одлично познавање англиски јазик; 4. Висока мотивација и интерес за постдипломски студии.
Потребни документи за конкурсот: 1. Копија од потврда за државјанство; 2. Копија од уверение / диплома за завршени додипломски студии и просек; 3.Потврда за одлично познавање на англиски јазик; 4.Две препораки; 5.Мотивациско писмо и биографија.
3. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕКандидатите кои се пријавуваат на конкурсот треба да пополнат пријава која е објавена на веб страната www.usje.com.mk на Цементарница УСЈЕ и да ги прикачат потребните документи почнувајќи од 01.10.2020 година до 10.10.2020 година.
4. СелекцијаСелекцијата и рангирањето ќе бидат направени од страна на Цементарница УСЈЕ АД Скопје и Универзитетот Американ Колеџ Скопје. Само избраните кандидати за интервју ќе бидат контактирани. Цементарница УСЈЕ обезбедува еднакви можности и позитивно ги поттикнува соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, возраст, хендикеп, сексуална ориентација, религија или убедување.