Цементарница УСЈЕ во склоп на Групацијата ТИТАН го потпиша Пактот за поддршка на младите на Европската унија (“Pact for Youth”), за зајакнување на партнерството помеѓу компаниите и образованието, а во насока на зголемување на можностите за вработување на младите талентирани луѓе. Како дел од Програмата за поттикнување на вработување и развој на млади таленти,
Цементарница УСЈЕ објавува
КОНКУРС
ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ЦЕЛОСНИ СТИПЕНДИИ ЗА ПОСТДИПЛОМСКИ СТУДИИ на Факултетот за деловна економија и организациски науки,
Универзитет Американ Колеџ Скопје
- ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ Цементарница УСЈЕ АД Скопје e oпштествено одговорна компанија, која меѓу другото, придонесува кон развој на човечкиот капитал и потенцијал во Република Македонија. За таа цел, Цементарница УСЈЕ АД Скопје во соработка со Универзитет Американ Колеџ Скопје (УАКС) за академската 2017/2018 година доделува целосни стипендии за постдипломски студии на Факултетот за деловна економија и организациони науки. 2. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА Право на стипендија имаат сите кандидати кои ги исполнуваат следните услови: 1. Да се државјани на Република Македонија; 2. Да имаат просек од минимум 8 во текот на студирањето; 3. Одлично познавање англиски јазик; 4. Висока мотивација и интерес за постдипломски студии.
Потребни документи за конкурсот: 1. Копија од потврда за државјанство; 2. Копија од уверение / диплома за завршени студии и просек; 3. Потврда за одлично познавање на англиски јазик;
4. Две препораки; 5. Мотивациско писмо и биографија.
3. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ Кандидатите кои се пријавуваат на конкурсот треба да пополнат пријава која е објавена на веб страната www.usje.com.mk на Цементарница УСЈЕ и да ги прикачат потребните документи почнувајќи од 21.09.2018 година до 10.10.2018 година.
4. Селекција Селекцијата и рангирањето ќе бидат направени од страна на Цементарница УСЈЕ АД Скопје и Универзитетот Американ Колеџ Скопје. Само избраните кандидати за интервју ќе бидат контактирани. Цементарница УСЈЕ обезбедува еднакви можности и позитивно ги поттикнува соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, возраст, хендикеп, сексуална ориентација, религија или убедување.