На ден 28 декември 2016 година, во рамки на УАКС се одржа вториот натпревар во финансиско сметководство.
Студентите кои следат настава по предметот Финансиско сметководство со предметниот наставник, доц. д-р Снежана Христова, имаа за задача да направат финансиска анализа на двете најголеми фармацевтски компании во Македонија. Тие ги презентираа проектите пред комисија, составена од следните членови: д-р Јадранка Мршиќ (виш научен советник), доц. д-р Снежана Христова (предметен наставник по Финансиско сметководство) и г-ѓа Гордана Црцевска (сметководител на УАКС).
Би сакале да упатиме искрени честитки до членовите на тимот кои што го освоија првото место на вториот натпревар во Финансиско сметководство:
- Галена Попоска Тренеска
- Емил Бишев
- Љупка Јорданова
- Славица Доновска
- Хелена Ана Величковски
- Марија Јанкова
Честитки и продолжете со успешната работа!