Skip to content

Оглас за вработување во Народна банка на Република Северна Македонија

Share

Оглас за вработување во Народна банка на Република Северна Македонија

Народната банка на Република Северна Македонија, денеска (30 јуни 2023 година-петок), во дневните весници „Коха“ и „Слободен печат“, објави оглас за вработување на 4 извршители на определено време во траење од 1 година, и тоа:

  • 1 извршител на работното место „помлад организатор“ во Отсекот за подготовка и спроведување на постапките за јавни набавки во Дирекцијата за јавни набавки;
  • 1 извршител на работното место „помлад специјалист за односи со јавност почетен II степен“ во Отсекот за комуникации во Кабинетот на гувернерот и
  • 2 извршители на работното место „помлад статистичар почетен II степен“ во Отсекот за изготвување и објавување екстерни статистики во Дирекцијата за статистика.

Рокот за пријавување на кандидати ќе трае заклучно со 11 јули 2023 година.

Full Call