На 18 април (вторник) 2017 година, студентите од втора година додипломски студии на Факултетот за странски јазици при УАКС, кои следат настава по предметот Подготовка за превод и толкување кај предметниот наставник, вон. проф. д-р Марјана Ванева, имаа можност да следат гостинско предавање. Предавањето го одржа преведувачот и толкувачот, основач и поранешен претседател на Здружението на преведувачи на Република Македонија (ЗПРМ), г-ѓа Ирена Кацарски-Кимова.
Како искусен преведувач, толкувач и гостин предавач, за време на предавањето, г-ѓа Кацарски-Kимова говореше за преводот и толкувањето како професија и правилата кои е потребно да се почитуваат за градење подобра професионална кариера и личен напредок. Воедно, таа им ги претстави на студентите предизвиците, и неколкупати за време на дискусијата, таа ги сподели нејзините лични искуства од времето кога таа започнала и се подготвувала за оваа професија.