Денеска, 22 октомври 2019 во просториите на Универзитетот Американ Колеџ Скопје (УАКС) се одржа панел дискусија на тема "Cледните чекори за процесот на Европска интеграција за Република Северна Македонија".
На темата дисукутираа: - Тимчо Муцунски - професор на Правниот факултет Јустинијан Први, - Драган Тилев - Државен советник во Секретаријатот за европски прашања, - Неда Малеска Сачмароска – Извршен директор на Центарот за управување со промени, - Зоран Нечев – Раководител на Центарот за Европска интеграција при Институтот за демократија Societas Civilis.

Панел дискусијата беше модерирана од страна на доцент д-р Ирена Бојаџиевска, професор на Факултет за правни науки при УАКС и беше отворена за јавноста, каде присутните имаа можност да се вклучат во дебатата.