Практикант / Студент за работна позиција Асистент во одделот Логистика
Во Аптив Скопје имаме потреба од Практикант / Студент во времетраење од 3 или 6 месеци. Практикантот / Студентот ќе помага на работната позиција Асистент во одделот Логистика.
Главни задачи:
Анализа на достапност на компоненти за производство • Внесување во Excel на потребата од компоненти • Следење на залиха на материјал • Проверка на идна потреба од компонента • Техничка поддршка во системот за логистика
Помагање на MRPC (Material Requirement Planning Control Analyst) – Аналитичар за контрола на планот на бараните материјали • Работа на forecast на залихата на материјалите • Подобрување на процес за следење на специфичните компоненти со нарачки кои имаат дефиниран краен рок
Потребни квалификации: • Студент/ка на Економски Факултет, предност би имале студентите од смеровите Бизнис и Логистика, Надворешна Економија и слично • Студент/ка во 4та година или завршена 4та година, но со останати само неколку испити или дипломска работа) • Одлично зборување на Англиски јазик и познавање на Microsoft Office пакетот • Способност за тимска работа • Прецизност и амбициозност
Ние ви нудиме: • Можност за работа во глобална организација • Личен раст и кариерен развој • Слободен ден за роденден • Спортски активности • Амбициозна работна атмосфера каде можете да ги споделите Вашите идеи • Организиран транспорт и храна • Социјални активности и програми • Работно време: 08:30 – 16:30
Aptiv | Skopje | Macedonia Доколку сте заинтересирани за пракса, Ве молиме да се пријавите со поднесување на Ваша биографија (CV) со испраќање на следнава електронска адреса Rabota@aptiv.com. Во предметот на пораката наведете ја позицијата за која аплицирате. Доколку не ви е доволно јасно околу описот на позицијата, ве молиме да не’ исконтактирате на телефонскиот број:+389.70.353.312 Рок за аплицирање: 30.04.2023
Само селектираните студенти ќе бидат повикани на интервју. Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост. Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на Аптив Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на Аптив. *Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: aptiv.hr.macedonia.staffing@aptiv.com