Почитувани,
Универзитет Американ Колеџ Скопје со задоволство Ве поканува на презентација на успешни проекти од студентите на предметот Вовед во макроекономија од Факултетот за деловна економија и организациони науки и Факултетот за политички науки.
Студентите изработија актуелни истражувања за моменталните случувања во светот предизвикани од Covid19 пандемијата, кои ќе ги презентираат во рамките на две теми:
Студентите од Факултетот за деловна економија и организациони науки ќе презентираат успешен проект на тема: Одговор на политиките на кризата Covid 19. Студентите анализираа 28 земји со преземени фискални и монетарни мерки како одговор на кризата, а дадоа и свое видување кои мерки можат да најдат примена и во нашата држава.
Студентите од Факултетот за политички науки ќе презентираат успешен проект на тема: Либра и дигиталните валути на централните банки, тема што тековно и во иднина ќе биде во фокусот на внимание. Дигитализацијата ќе биде неизбежен тренд, тековно забрзан со кризата, и тоа не само во банкарските и трговските канали, туку и во снабдувањето со парични средства надвор од традиционалните модели.
Настанот ќе се одржи во понеделник, 29 јуни 2020 година, од 14:00 до 16:00 часот, на платформата WEBEX.
За да се приклучите на презентациите на УАКС студентите, искористете го следниот линк
Работен јазик на презентациите е англиски.
Ве очекуваме,